Еден модел на женски чевли кој ќе ја одбележи 2022 (фото)

Следејќи го стилот на познатите трендсетерки и модни блогерки, како и модната сцена и уличната мода, можеби сте забележале дека веќе неколку недели во нивните гардеробери доминира еден модел на чевли.

Cevlite-koi-ke-ja-odbelezat-2022-01.jpg

Станува збор за елегантни потпетици со отворен дел кај петата кои се со потпис на познатиот бренд Saint Laurent, а доаѓаат во шест комбинации во различни бои и материјали.

Се карактеризираат со метален шпиц кој на чевлите им дава модерен печат и покрај едноставниот, дури и ретро дизајн.

Овие сандали со ниски потпетици и ремен на петицата го добија името Веспер, а направени се или од лакирана кожа или од твид во црна, бела и црвена боја со сребрен, златен или црн металик горен дел.

Цената на Веспер моделот на чевли се движи од 745 до 795 долари, совршени како за секојдневни, лежерни комбинации, така и за вечерни, поформални комбинации.

Можат да се комбинираат со мини или миди кожено здолниште, тесни панталони или фармерки, интересни блузи и класични јакни, како и костуми од твид.

Можностите се многубројни, па не е ни чудо што шик штиклите Веспер ги освоија срцата на љубителите на модата.

Ова дефинитивно е модел на чевли што ќе го гледаме насекаде во 2022:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава