Смелиот моден стил на Ивона Јо на настапите низ Македонија, откако ослабе повеќе од 40 килограми (фото)

Девојката со ангелски глас дефинитивно живее нов живот, нешто што одамна си го посакуваше себеси. Самоуверена и со чувство дека ѝ е удобно во своја кожа, таа бира смели стајлинзи за настапите низ Македонија.

smeliot-moden-stil-na-ivona-jo-na-nastapite-niz-makedonija-otkako-oslabe-povekje-od-40-kilogrami-foto-01.jpg

Пејачката Ивона Јо (25) по операцијата на желудникот ослабе повеќе од 40 килограми, а за своите резултати и напредок постојано ги известува следбениците на нејзиниот Инстаграм профил.

Таа истакнува како секојдневно учи колку љубов кон себе е потребно за да бидеме среќни.

Една од нејзините објави гласи:

„Една од најважните работи која не сум ги знаела за себе е огромната потреба за љубов која секојдневно сум ја имала, а ниту еднаш вистински не сум си ја пружила. Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која ѝ е потреба на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам како да утре не постои…

И да, почнувам да ѝ простувам на Ивона. Ивона која не знаела зошто, а ни како. Ивона поради која денес јас сум ова што сум. Те сакам.“

По закрепнувањето од операцијата во кое во голем дел ѝ помага јогата и пешачењето, Ивона се врати на настапите.

Од Куманово и Штип до Скопје, таа постојано патува низ Македонија и настапува и по неколкупати во текот на седмицата.

Девојката со ангелски глас дефинитивно живее нов живот, нешто што одамна си го посакуваше себеси.

Самоуверена и со чувство дека ѝ е удобно во своја кожа, таа бира смели стајлинзи за настапите.

Од костими искоминирани со бралет оддолу до црни кожени фустани, со задоволство истакнува колку нејзиното тело е трансформирано.

Дел од нејзините стајлинзи:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...

Најчитани неделава