Макси здолништата вистински хит оваа пролет – Како да ги комбинирате?
2022 година е предвесник на една сосема нова модна сезона која ќе ја одбележат некои модифицирани и различни модни трендови.
Имено, модните парчиња ќе внесат доза свежина и пролетна разиграност во нашата гардероба и ќе ги „зачинат“ сите наши секојдневни комбинации.
Многу често, и покрај тоа што се трудиме да бидеме во чекор со постојано растечката листа на трендови, секогаш постојат такви коишто умеат да нѐ изненадат.
Со приближувањето на потоплите денови, сè повеќе посегнуваме по лелеави фустани и здолништа кои внесуваат доза на елеганција и женственост во секој аутфит.
Кога станува збор за здолништата, оваа сезона можеме да очекуваме навистина впечатливи трендови инспирирани најмногу од деведесеттите.
Меѓу најпопуларните модели се макси здолништата и без разлика на фактот што подолго време не се во мода, истите оваа пролет ќе ги носиме со чевли на потпетици и летни топови.
Во продолжение повеќе начини како да ги комбинирате овие впечатливи здолништа:
Мила М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





