Визуелно го поткреваат задникот: Антониа Гиговска во панталоните што Ирина Шајк ги направи славни (фото)
Прва во нив се појави светската манекенка Ирина Шајк, а ниту нашата Антониа Гиговска не одолеа на пантолоните што визуелно го поткреваат задникот и ги поместуваат границите на лежерниот стил. Кои девојки досега се појавија во танга фармерки?
Минатото лето светски познатата манекенка Ирина Шајк на улица низ Њујорк за првпат прошета во смелите танга фармерки што се со потпис на познатиот дизајнер Mugler, а ова модно парче стана вистински тренд како кај балканските, така и кај нашите познати личности.
Нашата Антониа Гиговска минатиот викенд настапуваше во Свети Николе каде се појави во црн аутфит, при што забележително е дека на себе носи панталони со танга дизајн на задникот.
Очигледно е дека нашата пејачка го следи модниот тренд што го освои светот, а голем број од балканските ѕвезди веќе одлучија да се појават во панталони на кои на задникот има посебен дел изработен во форма на танга.
Танга фармерките беа хит во изминатиот период кај голем број од познатите личности во Србија, па така додека некои коментираат дека изгледаат невкусно, други пак, се воодушевени од тоа што визуелно го поткреваат задникот и ги поместуваат границите на лежерниот стил.
Јелена Карлеуша, Северина, Анастасија Ражнатовиќ, Ивана Николиќ – ова се само некои од девојките што се појавија во вакво издание.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Антониа Гиговска
Ивана Николиќ
Јована Јеремиќ
Дуња Јовановиќ
Мина Милутиновиќ
Анастасија Ражнатовиќ
Јелена Карлеуша
Северина
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





