7 модни парчиња кои жените ги обожаваат, а се многу непрактични
Ултра кратки јакни, кои се тренди, но не ве загреваат доволно, особено во пределот кај половината.

Позната е фразата „Убавината бара жртви“ и многу жени се водат од неа. Во име на добриот изглед, понекогаш трпат да не им е удобно.
Некои модни парчиња се непрактични, но тие ги обожаваат затоа што се кул и често ги носат.
Модни парчиња кои се малку непрактични, но жените ги сакаат:
Долга јакна, која е кул, но го отежнува движењето, па најчесто се носи откопчана на студено време, плус визуелно додава килограми.

Тесно кожено здолниште, кое е атрактивно, но некомфорно, се лепи за кожата и тешко се движите.

Ултра кратки јакни, кои се тренди, но не ве загреваат доволно, особено во пределот кај половината.

Џемпери со едно голо рамо, ова е тренд од минатото, кој се врати на модната сцена, но навистина е непрактично голо рамо на студен ден.

Струкирана кошула со копчиња, под која само ако ставите поинаков тип на градник или малку се поправите веднаш ќе се отвори во пределот кај градите.

Патики со масивен ѓон, кои се тренди, но се толку гломазни што дури ви тежат на ногата.

Фустани без ракави, кои постојано мора да ги подместувате затоа што констатно ви се лизгаат надолу од тежината.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та
Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето)
Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025
Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде)
Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...
