Шик и со стил: Мајка од Македонија се облекува во тон со нејзините две деца (фото)

„Со облекување во тон почнав кога го родив синот Давид. Ми беше многу интересно да сме облечени во исто, а сега што и да купам децата самите ме прашуваат дали има таков тип на аутфит и за нив“, вели Нена Миовска Јорданов (33) за CRNOBELO.com.

majka-od-makedonija-se-oblekuva-vo-ton-so-nejzinite-dve-deca-foto-01.jpg

Нена Миовска Јорданов (33) од Неготино, стоматолог по професија, e сопруга и мајка на две деца.

Таа обожава да се облекува во модно усогласени комбинации со нејзината ќерка Барбара (4) и синот Давид (7) и да споделува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

За CRNOBELO.com Нена вели:

„Модна инспирација црпам од секаде, најважно ми е да сме оригинални и да не потсетуваме на некој друг.

Со облекување во тон (matching outfits) почнав кога го родив синот Давид. Ми беше многу интересно да сме облечени во исто, а сега што и да купам, децата самите ме прашуваат дали има таков тип на аутфит и за нив.

Но, поинтензивно почнавме да го правиме тоа во пандемијата, кога бевме затворени дома. Споделував фотографии од нашите комбинации на Инстаграм, имаше многу позитивни реакции и продолжив со тоа“.

Фотографии од Нена со нејзините деца:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Модна инспирација од Македонки: Идеи за аутфити ако сте гостинка на свадба наскоро Од долги монохроматски креации до куси, смели избори... Ако ви претстои свадба, ...
Тренд за 2025: Чанти што личат на крпа од џогер - и наша модна инфлуенсерка се вљуби во нив И македонската модна инфлуенсерка Марис се вљуби во овој тренд на чанти и вели д...
Барбара Ракичевиќ, Сандра Кирков: Македонките се вљубија во путер жолтата боја - хит за лето 2025 Од путер жолтите бикини на Барбара Ракичевиќ до путер жолтите фустани на Елена Н...
Џемперите со мече се хит – како да го носите најбараниот модел за оваа сезона? (фото) Ralph Lauren Polo џемперот со препознатливото мече е повторно хит, но слични мод...
Mакедонките и дамите од регионот со кул аутфити уживаат на снег Нашата мала модна инфлуенсерка Фрида престојуваше во ист хотел со Данијела Димит...

Најчитани неделава