Ексклузивно: Токсиколози снимаат песни со Даниел Кајмакоски уште пред „Х-фактор“, слушнете ја најновата!

Откако пред неколку дена на YouTube беше објавена новата песна на „Токсиколози“ заедно со Даниел Кајмакоски, Crnobelo.com имаше можност за ексклузивно интервју со еден од членовите на „Токсиколози“, Александар Кацарски – Кацар.

ekskluzivno-toksikolozi-snimaat-pesni-so-daniel-kajmakoski-slusnete-ja-najnovata-01

Тој ни откри ексклузивни информации за нивното пријателството и соработка со Даниел, нивната поддршка и плановите за во иднина.

Прочитајте и дознајте што сѐ подготвуваат урбаните, отворени и нецензурирани „Токсиколози“.

1. Од каде соработката со Даниел? Како се знаете?

- Сиги,нашиот член од „Токсиколози“, пред сѐ се спријатели со него преку нашиот добар пријател Александар Пауновски уште пред да се знае за натпреварувањето на „Х-фактор“.

Даниел беше штотуку вратен во Македонија по неговиот престој во Австрија.

Имаше голема желба за создавање музика и со Сиги се најдоа многу на таа тема. Така и се случи оваа соработка, сосема природно затоа што и двајцата се креативни луѓе.

Подоцна неговиот потенцијал и апетит го доведоа до натпреварувањето надвор од нашите граници и како и цела Македонија и ние сме горди на него.

2. Кога и со кого е снимена песнава?

- Песната е снимена пред околу 8 месеци. Текстот го напишавме ние тројца, јас, Сиги и Џоле. Музиката е на еден млад и одличен артист Стефан Карапетров (Karapetrov Beats), а миксот и мастер продукцијата се на Марко Наумовски (ММ Productions).

ekskluzivno-toksikolozi-snimaat-pesni-so-daniel-kajmakoski-slusnete-ja-najnovata-4


3. Дали сте имале некои други соработки со Даниел?

- Да,секако,но не се издадени сѐ уште. Сиги се јавува како негов текстописец на неколку негови песни, а исто така имаат и соработка на заедничка песна .

4. Какво е твоето мислење за него ?

- Позитивен лик со отворено срце,природен и талентиран.

5. Што планирате во иднина?

- Се планира видео запис за „Памук“, реализација на неколку песни на Даниел со Сиги и работење на нови заеднички песни, во наш стил, кога станува збор за соработките со Даниел.

А конкретно ние, „Токсиколози“, работиме со полна пареа, континуирано вадиме песни преку нашиот медиум интернетот, нормално, каде што владее слободата на говорот.

ekskluzivno-toksikolozi-snimaat-pesni-so-daniel-kajmakoski-slusnete-ja-najnovata-1

- Нашите песни, со оглед на специфичниот начин на изразување, често знаат да бидат цензурирани и неприфатени. Затоа ни е особено драго и сме благодарни што вие како медиум покажувате интерес за наша промоција и ни значи тоа како поддршка на оваа сцена каде сѐ повеќе се заобиколуваат различните уметнички вредности кои се од спротивната страна на поп културата.

Во меѓувреме, секогаш може да нѐ следите на нашиот YouTube канал ToksikoloziOfficial каде редовно ги објавуваме сите најнови музички изданија.

- Спремаме повеќе нови видео спотови, а ни претходеа и неколку одлични видео проекти коишто самостојно ги направивме со помош на нашите пријатели: Кристијан Теодоров,Кирил Манчевски, Филип Пауновски и нивните соработници. Покрај нив, мора да истакнам дека најмногу музика за моите песни има направено Драган Иванов - Anakreont_xy.

Исто така речиси е готов нашиот албум насловен како „Пушти Глас“.

Сите тројца, Сиги, Џоле и јас, работиме и како самостојни соло артисти, така што паралелно ги подготвуваме и нашите самостојни албуми.

ekskluzivno-toksikolozi-snimaat-pesni-so-daniel-kajmakoski-slusnete-ja-najnovata-2


Слушнете ја најновата песна на „Токсиколози“ со Даниел Кајмакоски:

В. М. | Црнобело
 Фото: Кристијан Теодоров

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg