Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city break патување?

Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Србија изобилува со шармантни урбани средини во кои уживањето во богатата култура е загарантирано.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka-01.jpgфото: © Aleksandar Milutinović

Богатата историја и влијанието на бројните култури допринеле за различност и посебност на српските градови – од архитектурата која е видлива на улиците, па се до храната која ќе ве развесели кога ќе ве послужат пријатни и срдечни домаќини.

Луѓето кои со раширени раце пречекуваат гости, секоја година се трудат да понудат нешто ново, а сепак тоа да биде во духот на традицијата за да остане автентично и единствено. Затоа, и градовите кои веќе еднаш сте ги посетиле вредат да се видат повторно, а во Србија сигурно ве чекаат и уште многу други искуства и работи кои не сте ги виделе и доживеале.

Без разлика дали сте љубител на луда забава која сигурно ќе ве одведе во Белград, српската метропола која е позата како мека за сите видови забави, или пак сте за побавно темпо во војводинскиот дел кое ќе ве одведе во Нови Сад или Суботица или за богато гастрономско искуство на југот кое ве чека во Ниш или Крагуевац... секаде ве очекува одмор на ниво.

Во продолжение ви ги споделуваме најзначајните српски градови кои можат да бидат ваша совршена дестинација за идеален city break.

Белград

Град со илјада приказни и уште повеќе локации за врвна забава, Белград е место каде минатото се среќава со сегашноста, каде возбудливите вкусови се влеваат во бурните ноќи, а авантура ве чека на секој чекор.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01.jpgфото: © Zoran Spremo

Ова е град каде се прегрнуваат две моќни реки, истокот се судира со западот, а турбулентната историја одѕвонува на улиците полни со живот. Од земунските тесни калдрми и видиковци од кои ви застанува здивот, преку боемската Скадарлија и магичниот Косанчиќев венец, па се до отворениот музеј на минатото на Калемегдан и погледот на сливот на двете реки, Белград ќе ги маѓепса и оние кои мислат дека не се премногу заинтересирани за историја. Затоа што во Белград историјата не се раскажува, таа едноставно се живее.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_copy.jpgфото: © Aleksandar Matić

Гастрономското патување низ градот започнува од зелените пазари, шарените храмови на храна кои ги будат сите сетила со своите бои и мириси, а продолжува во традиционалните кафеани и модерни ресторани каде секое јадење е експлозија на вкусови.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_copy.jpgфото: © Andrej Nihil

По спектакуларниот оброк, ве очекуваат бројните белградски локали, клубови и сплавови, бидејќи ритамот на Белград најсилно пулсира ноќе. И по возбудливата ноќ, дури и на најголемите авантуристи им е потребен одмор од градската гужва, која ќе ја најдете на Ада Циганлија, езеро веднаш надвор од центарот на градот, каде што можете да уживате во водени спортови, сончање, пешачење и возење велосипед.

Нови Сад

Нови Сад веќе три века е место на разновидно и богато културно наследство на многуте народи кои живеат таму. Материјалното и нематеријалното културно наследство е основата на која почива интерактивна мрежа на научни и културни институции, што го прави Нови Сад денес простор за активни средби на различни култури и идентитети. Тој е град на музеи, галерии, настани, од кои музичкиот фестивал EXIT се здоби со меѓународно признание и препознатливост.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01_1.jpgфото: © Aleksandar Milutinović

Нови Сад ги привлекува посетителите и со својата уреденост, погледот на Петроварадинската тврдина - Гибралтар на Дунав, различните јазици што ги зборуваат неговите жители и ритамот што отстапува од зафатеното, хаотично градско време.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_1.JPGфото: © Aleksandar Milutinović

Во околината на урбаното јадро каде што ќе најдете барокни, неоренесансни, класицистички и баухаус објекти, има излетнички места, зачувана природа и комплекс од православни манастири во областа на Националниот парк Фрушка Гора.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_1.JPGфото: © Aleksandar Milutinović

Салашите, фармите и винските патеки во близина на градот им нудат на посетителите можност да го искусат целото богатство на гастрономијата и селските обичаи. Нови Сад, град на Дунав, град на европска историја и традиција и балканско гостопримство, е искуство кое мора да го доживеете.

Суботица

Најсеверниот град на Србија е скриен скапоцен камен на неверојатна архитектура и богата историја. На само 10 километри од унгарската граница, Суботица е задолжителна станица за секој што  е во потрага по врвна гастрономија, убавина и магија.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01_2.jpgфото: © TO Subotica

Улиците на Суботица ќе ве вратат назад во времето, а зградите во стилот на Арт Нуво (сецесија) и готската преродба ќе ве остават без здив. Градската куќа, симбол на големината и наследството на Суботица, и палатата Рајхл со комбинацијата на бои, форми и маестрални украси се точки кои не се пропуштаат на картата на градот.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_2.jpgфото: © TO Subotica

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_2.jpgфото: © TO Subotica

Но, Суботица е многу повеќе од збирка на импресивни градби. Душата на овој град се наоѓа во приказните на неговите жители. Суботица зрачи со мултикултурализам, а секоја етничка група придонесува за духот на градот со своите традиции и обичаи.

Градот е и рај за гурманите, со кујна збогатена со влијанија и вкусови. Без разлика дали сакате да пробате традиционални српски јадења како ќебапи или гибаница, или нешто како унгарски гулаш или романски сармале, кулинарската понуда на Суботица ќе го задоволи секое непце.

На само 8 километри од Суботица се наоѓа Палиќ, најголемото природно езеро во Србија, кое е остаток од древното Панонско Море. Водата е солена, а позната е и по лековитата кал.

И секако, доколку сте во Војводина, не заборавајте да ги пробате локалните вина!

Лозница

Некогаш дел од римската провинција Далмација, а сега срцето на западна Србија, Лозница е мал, но жив град кој може да се пофали со богата култура, неверојатни природни убавини и луѓе кои ќе ве пречекаат со раширени раце. Овој мал град е именуван по виното (лозата) што се одгледува на овие простори уште од третиот век, а ќе ве маѓепса со својата шармантна архитектура и калдрми.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01_3.jpgфото: © TO Loznica/Stalexphotography

Во големиот парк ќе наидете на споменик на Јован Цвијиќ, основоположникот на географијата во Србија, кој според своите достигнувања бил далеку пред своето време.

Доколку ја сакате природата, од Лозница лесно можете да ја посетите реката Дрина, моќна убавица чии кристално чисти води се користат за регати низ возбудливата природа. Искачете се до Црни врв (779м), највисоката точка на планината Гучево и уживајте во погледот на Бања Ковиљача, Лозница и Дрина.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_3.jpgфото: © TO Loznica/Stalexphotography

Сакате да го почувствувате руралниот дух? Останете во едно од селските домаќинства каде што ќе уживате во локални специјалитети.

Иако е мал град, Лозница може да се пофали со енергична културна сцена. Од традиционална народна музика и танцови изведби, до уметнички изложби и кулинарски фестивали, секогаш има нешто интересно што се случува во овој прекрасен град. Во рестораните со национална кујна, често ќе јадете од земјени садови кои го зачувуваат природниот вкус и арома на храната.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_3.jpgфото: © TO Loznica/Stalexphotography

Ниш

Кога си на југ, однесувај се јужњачки!

Градот Ниш претставува регионален, административен, културен, економско - конгресен и универзитетски центар на Југоисточна Србија.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_4.jpgфото: © Miloš Mladenović

Поради својата локација во плодната Нишка котлина, која е опкружена со моќните масиви на Сува Планина, планините Селичевица и Сврљишка, тој е атрактивно место за живеење уште од самиот почеток на цивилизацијата на европско тло.

Познат како родно место на римскиот император Константин Велики, Ниш е неизбежен скапоцен камен на археологијата, историјата, културата и гастрономијата.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01_4.jpgфото: © Miloš Mladenović

На патот до центарот на градот се наоѓа Ќеле Кула, или кула од човечки черепи, уникатен споменик изграден од черепите на српските воини.

Кога веќе сте во градот, прошетајте низ импресивната Нишка тврдина од 18 век, во која се сместени турска бања, џамија и лапидар со римски надгробни споменици.

А прочуената гастрономија? Улицата Казанџиско сокаче ќе ве врати во времето и ќе ве освежи со одлична гурманска понуда. Некогаш исполнета со ѕвонење на обрачи за буриња, ѓезвиња и котли со ракија, а сега со џагорот на многубројните посетители, оваа шарена улица ќе ви остави најдобар впечаток за пулсот на градот.

Во летните месеци градот станува фестивалски центар. Секој август во Ниш се одржува Меѓународниот џез фестивал Нишвил.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_4.jpgфото: ©The Hub

Секој град има нешто што го прави препознатлив. Во Ниш е меракот, ведриот дух, гостопримството и јужниот шарм на Нишлиите.

Крагуевац

Шумадија е централниот дел на Србија, а Крагуевац е срцето на Шумадија. Затоа многумина велат дека овој град, кој претставува своевиден центар на земјата, на најдобар начин го отсликува целокупниот „српски дух“.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka01_5.JPGфото: © Zoran Lazarević

Сместено е на брегот на реката Лепеница, во долина која се граничи со прекрасните планини на Шумадија - брановидните падини на планините Рудник, Црни Врх и Гледички планини.

Како поранешен главен град на Србија, Крагуевац е град со богата историја, а денес е преполн со згради и институции кои придонесоа за развојот и модернизацијата на Србија.

Од многуте културни знаменитости, не треба да го пропуштите културно-историскиот комплекс Милошев венац, во кој се сместени Старата (дворна) црква од 1818 година и зградата на собранието од 1856 година, а по посетата на знаменитостите можете да се одморите во едно од многуте кафулиња, кафеани и ресторани.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka02_5.JPGфото: © Zoran Lazarević

Во Крагуевац се спојуваат сите вкусови и плодови на Шумадија - од овој крај потекнуваат бројни јадења со кисела зелка: димена коленица во кисела зелка, „свадбарски“ купус, подварок... а познати се и јагнешките специјалитети, како печено јагнешко и јагнешка капама.

raznovidnosta-e-najgolemo-bogatstvo-sharmot-na-srpskite-gradovi-za-sovrsena-city-break-prosetka03_5.jpgфото: © Jovan Živanović

Регионот Шумадија е познат и по пијалокот наречен „Шумадијски чај“ - кој се прави од „мека“ сливова ракија, вода и карамелизиран шеќер. Најчесто се пие во зима, но мора да го пробате кога и да дојдете во Крагуевац.

Од наведените градови која е вашата омилена и следна дестинација што треба да ја посетите?

Сите ве очекуваат со нетрпение! Каде и да одите, нема да зажалите.

Би можело да ве интересира:

Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg