„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на пролет
Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ го почувствува тоа и го фали нашиот главен град на Инстаграм.

Aндријана Драгојевиќ е девојка од Србија која сака да шета, да истражува нови места и да ужива во патувања, а впечатоците да ги споделува со своите 34.000 следбеници на Инстаграм.

Таа има авантуристички дух и често бара нови искуства, запознавајќи различни местa, а сега сподели колку е изненадена од убавината на Скопје во пролет.

Андријана преку својот објектив долови еден сончев ден во Скопје, па од нашите впечатливи градби и мостови до кадри од реката Вардар, посвети внимание на сè.
Таа во описот напиша:
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“
Скопје низ објективот на туристка од Србија:






Прочитајте и Македонијо, убава си! Недопрената природа на Јабланица, низ објективот на Александар Менкиноски
С. С. | Црнобело
