Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огромни бранови

Во еден од баровите имаше табла со распоред на авионите и нивно слетување, за ништо да не се пропушти.

Додека бевме таму видовме околу десетина авиони, ама од малите. Немавме среќа да видиме голем патнички авион.

ja-posetiv-najpopularnata-plaza-na-st-martin-07.jpg

Иако беа од помалите, едномоторни авиони, сепак постои тој мал страв дека ќе те однесе!

ja-posetiv-najpopularnata-plaza-na-st-martin-05.jpg

А, за да го испочитуваме карипскиот дух, си купивме складни шарени кошули, кои се продаваат на секој агол од островот, а ние како бродски екипаж добивме и попуст.

Брановито море

Гледањето на авионите и подготвувањето за совршената фотка беа мошне интересни, но за мене поинтересни беа огромни бранови, па откако се изнасликав, остатокот од денот го поминав во вода.

Тешко ми беше само излегувањето, бидејќи брановите ме влечеа назад, па недела дена подоцна уште наоѓав песок во коса.

ja-posetiv-najpopularnata-plaza-na-st-martin-29_copy.jpg

Малата плажа Махо покрај што е позната поради авионите, позната е и како сурферска дестинација, но ние немавме време, а јас ни храброст, да се качиме на даска.

20230117_101513.jpg

Зип-лајн и поглед одгоре

Покрај плажата Махо, овде е супштањето со зип-лајн на висина од 320 метри, а должина од 854 метри. Спуштањето со The Flying Dutchman достигнува брзина од 90 километри на час.

DSC_5343.jpg

Јас морам да си признаам дека не сум по „лудите“ спортови, па додека мојот сопруг се спушташе со зип-лајн, јас бев на плажа.

DSC_5331.jpg

Според неговите зборови, „Ќе се каам, што сум толку плашлива“, бидејќи тоа било едно од најдобрите искуства за него.

Само гледајќи ги фотографиите ми беше страв, но морам да се сложам со него дека погледот од горе е фантастичен.

Повеќе фотографии од островот на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава