Патувате и сакате да собирате нови билки? Еве што не смеете да направите!

(Скопје, 26.07.2023) ЕФСА, Европската комисија (ЕК) и нивните партнери во земјите членки на Европската Унија (ЕУ) ја започнуваат кампањата #PlantHealth4Life. Кампањата ја промовира свеста за здравјето на растенијата и неговата поврзаност со нашиот секојдневен живот.

patuvate-i-sakate-da-sobirate-novi-bilki-eve-sto-ne-smeete-da-napravite-04.jpg

Растенијата се основата на животот на Земјата: тие ни го обезбедуваат воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме. Денес, растенијата се под голем притисок поради климатските промени и човечките активности, како што се трговијата и патувањата.

Штетниците на растенијата можат да предизвикаат катастрофални економски и еколошки загуби. Xylella fastidiosa, на пример, уби милиони маслинови дрвја во италијанскиот регион Пуља, со случаи пријавени низ цела Јужна Европа.

patuvate-i-sakate-da-sobirate-novi-bilki-eve-sto-ne-smeete-da-napravite-01.jpg

“Здравјето на растенијата е клучен фактор за поткрепување и поддршка на земјоделството за да се нахрани растечкото глобално население до 2050 година. Политиките и активностите за промовирање на здравјето на растенијата се од фундаментално значење за постигнување на одржливите развојни цели на ОН, особено оние насочени кон намалување на сиромаштијата, гладот ​​и заканите кон животната средина” рече Надица Џерковска, раководител на секторот за здравје на растенијата, Фитосанитарна управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Република Северна Македонија во однос на здравјето на растеијата во текот на 2018/2019 година се соочи со зараза на насади од коскесто овошје со фитопатогената габа Monilinia fructicola (Winter) Honey.

patuvate-i-sakate-da-sobirate-novi-bilki-eve-sto-ne-smeete-da-napravite-02.jpg

За поефикасно справување со оваа габа, од страна на Фитосанитарната управа беше изработен Акциски план со неопходни мерки и активности кои требаше да бидат спроведени од производителите на коскесто овошје, како и од откупните компании кои вршеа дистрибуција на коскесто овошје.

“Од страна на НППО Фитосанитарната управа беше организирани серија на едукативни трибини за сите засегнати страни, со посебен фокус на потребата за спроведување на превентивни мерки, хемиски мерки во насадите, како и постбербени хигиенски мерки за контрола на габата.

Како резултат на сите спроведени мерки, заразата беше ставена под контрола, a присуството на габата континуирано се следи секоја година врз основа на годишниот план за фитосанитарен мониторинг. Со овој предизвик се зголеми свесноста за значењето на растенијата и нивното влијание врз здравјето, како и врз економскиот развој”, додаде Џерковска.

Нашите дела се клучни - вклучи се!

Одржувајте ги растенијата здрави, заштитете го животот“ е пораката од кампањата: сите ние имаме клучна улога! Посетете ја веб-страницата #PlantHealth4Life и откријте како можете да го заштитите здравјето на растенијата:

  • Дали патувате надвор од ЕУ? Ако за време на вашите авантури се заљубите во некое егзотично растение, фотографирајте го, не носете ги семките дома. Во спротивно, можете да раширите нови штетници носејќи ги во багажот.
  • Штетниците и болестите можат да влезат и преку растенијата што ги купуваме, доколку не се соодветно проверени и сертифицирани. Кога купувате растенија онлајн од земји надвор од ЕУ, проверете дали имаат сертификат за здравјето на растенијата.
  • азговарајте за важноста на растенијата со вашите деца за да создадете помлада генерација амбасадори за здравјето на растенијата.

Секој може да ја поддржи кампањата. На веб-страницата на #PlantHealth4Life можете да најдете ресурси преведени на сите јазици на ЕУ - материјали за медиумите, видеа и објави на социјалните мрежи за споделување на вашите канали. Заедно можеме да обезбедиме поздрава иднина за себе, нашите заедници и животната средина!

patuvate-i-sakate-da-sobirate-novi-bilki-eve-sto-ne-smeete-da-napravite-03.jpg

За кампањата

#PlantHealth4Life е повеќегодишна кампања, дизајнирана на барање на ЕК и базирана на длабинска анализа на перцепциите и однесувањата поврзани со здравјето на растенијата низ ЕУ. Оваа година, кампањата е насочена кон 12 земји: Белгија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија и Словенија. Дополнително, 3-Д видео инсталациите ќе обезбедат извонредно искуство во три од најактивните центри за патување надвор од ЕУ: Амстердам, Мадрид и Милано.

За ЕФСА

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) е агенција на Европската Унија формирана во 2002 година за да служи како непристрасен извор на научни совети за управителите на ризици и да информира за ризиците поврзани со синџирот на храна. Таа соработува со заинтересираните страни на промовирање на кохерентноста на научните совети на ЕУ и ја обезбедува научната основа за законите и прописите за заштита на европските потрошувачи од ризици поврзани со храната – од фарма до вилушка.

Би можело да ве интересира:

Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос – три гратчиња близу Солун, кои ги поврзува една плажа долга 12km Во заливот Стримонико, на плажа долга 12km, се лоцирани три гратчиња - Аспровалт...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg