Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје

Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Pasqyra Beach во Албанија, која се наоѓа на само 270km од Скопје е избрана за плажа со најсина вода во светот. Со тоа ги победи плажите на Малдиви, Бора Бора и многу други рајски дестинации...

plazhata-koja-go-pobedi-maldivi-za-najsino-more-se-naogja-vo-albanija-na-270km-od-skopje-01_copy.jpg

Дали знаете дека до плажата со најсино море на светот се стига за само неколку часа со автомобил откај нас? 

Испитувањето за тоа кои плажи во светот имаат најсини води, ги направи туристичка агенција од Лондон, CV Villas, со цел да им понуди на своите клиенти можност да ги видат најсините води во светот.

Истражувањето е направено преку неедитирани фотографии преземени од Google Maps од 200 плажи ширум светот, по што експертите употребиле алатка за боја, за да го пронајдат RGB кодот на секоја вода.

Потоа ова го споредиле со најсината нијанса на сино во светот за да утврдат на која локација водата има најблиско совпаѓање.

И иако сигурно ќе си помислите дека таа се наоѓа на Малдивите или Бора Бора, сепак, испитувањата покажале дека Плажата на огледалата (Pasqyra Beach), има најсина вода.

На листата од 10 плажи со најсина вода се наоѓаат дури 5 плажи во Грција, и тоа плажи кои се наоѓаат на Јонското Море.

Плажата на огледалата се наоѓа во близина на Саранда, Албанија, а од кај нас лесно се стигнува со автомобил.

Таа се наоѓа во мал залив и нема многу место за поставување лежалки, па се препорачува да одите порано.

Просечната температура на воздухот е меѓу 21°C и 25°C во април и мај, а во јуни, јули и август меѓу 30°C и 34°C.

Кои други плажи се најдоа на топ 10 листата?

Pasqyra Beach, Албанија
Paralia Mpouka, Грција
Kassiopi, Грција
Plage de la Vernette, Франција
Kaputas Beach, Турција
Voulisma Beach, Грција
Foki Beach, Грција
Praia do Carvalho, Португалија
Omprogialos, Грција
Los Lances Beach, Шпанија

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...

Најчитани неделава