Едноставни трикови со кои ќе си ги олесните патувањата
Пакувајте облека која е отпорна на многу гужвање, правете си комбинации за секој ден од патувањето уште од дома, проверувајте си ги работите кои ви се вредни пред секое напуштање на локал или такси - трикови кои треба да ги знаете ако често патувате.
Патувањата понекогаш можат да бидат стресни, но оние кои се искусни патувачи, имаат трикови кои им помагаат да бидат поорганизирани и да избегнат несакани ситуации.
Почнувајќи од пакувањето, па до самото однесување и избегнување ризици на дестинацијата - што треба да правите?
Неколку совети кои ќе ви бидат од корист за секое патување:
1. Ако сакате работите да ви бидат организирани, а не натрупани, користете торбички за патување – така сè ќе ви биде подредено и организирано, а ќе имате повеќе место отколку ако само ставите сè директно во куфер.
2. Бирајте облека која е отпорна на гужваници, бидејќи пеглањето не е возможно во секое сместување, а не сакате да изгледате неугледно.
3. Планирајте си ги однапред комбинациите за секој ден, наместо да ставате парчиња кои не влегуваат во ниту една комбинација и се неплански спакувани.
4. Ако патувате со авион, облечете се слоевито – температурата може да варира од местото од каде тргате и каде што стигате, но и во авион.
5. За денот на патување, бирајте облека која не е претесна, ниту предолга – бирајте нешто што може да ви биде комотно и пријатно, но и што не може да предизвика несакана ситуација како сопнување и сл. И секако, удобни чевли се задолжителни.
6. Кога сте во раздвижени места со многу туристи, бидете внимателни и разгледувајте ја околината - кој се движи околу вас, а чантата секогаш нека биде пред вас, а не зад вас каде не може да видите дали ќе биде нечија мета на кражба.
7. Создадете си навика да си ги проверувате сите ваши важни работи, џебовите, чантата, телефон и паричник, пред да заминете од некое место, независно дали е хотел, такси или кафуле. Ако заборавите или изгубите нешто, потешко ќе го најдете (или нема воопшто).
8. Секогаш ставајте бележник на багажот со име, телефон или мејл, за полесно да ве исконтактираат во случај да биде изгубен.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





