Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџиите

Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите најстариот божиќен базар во Франција, но и една од најголемите природни елки во Европа која е висока 30 метри.

praznichnata-magija-vo-strazbur-i-eden-najstarite-novogodishni-bazari-niz-objektivot-na-instagramdzhiite-01.jpg

Сите поголеми градови низ Европа се волшебни во празничната сезона, но секоја година, дефинитивно се истакнува Стразбур.

Францускиот град, сместен на границата со Германија, нарекуван е и „престолнина на Божиќ“, а во овој период од годината наликува на новогодишна честитка.

Па, ако некогаш планирате да го посетите Стразбур, закажете го патувањето за празничната сезона.

Во градот можете да го посетите и едниот од најстарите божиќни базари, кој воедно е најстариот ваков базар во Франција.

Базарот, кој првпат почнал да работи пред 400 години, прераснал во огромна манифестација и иако главно е фокусиран во централниот дел на градот, односно плоштадот Kléber, низ околината на плоштадот се поставени над 300 тезги со подароци, храна и пијалаци.

Во самиот центар, можете да ја видите огромната елка која е висока 30 метри.

Базарот почнува со работа на 27-ми ноември и ќе биде отворен сè до 27 декември.

Повеќе фотки од празничната магија во Стразбур во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава