7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи (2 се близу нас)
Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа кои не се преплавени од масовниот туризам. Па зошто да не ги посетите со време?

Ако сакате да посетите нешто убаво, а тоа да не се популарните дестинации, каде што не можете да се разминете од луѓе, Инстаграм-профилот Travly, кој е специјализиран за патувања, направи листа од земји што треба да ги посетите пред да станат преплавени од туристи.
Листата има 7 земји, а две се близу нас (и можеби веќе сте ги посетиле):
Тајван
Го опишуваат како рај за љубителите на храна, со живи ноќни пазари, бујни зелени планини и култура што ги спојува традицијата и модерното.

Северниот дел на Албанија
Овој дел од земјата нуди недопрени алпски долини, кристално сини езера и некои од најдраматичните пешачки патеки во Европа.

Оман
Пустински дини кои се спојуваат со морето, небо исполнето со ѕвезди и топло бедуинско гостопримство, без бројните туристи кои ги преплавуваат земјите во неговото соседство.

Грузија
За оваа држава пишуваат дека е земјата во која „се родило виното“, а нуди и снежни врвови на Кавказ, плажи на Црното Море и манастири врежани во карпи.

Узбекистан
Земјата го нуди најдоброто што може да се види на Патот на свилата - тиркизни џамии со куполи, живи пазари и безвременската убавина на Самарканд и Бухара.

Јордан
Земјата нуди многу повеќе од посетата на Петра која е магична. Но, тука се и пустината Вади Рум, Мртвото Море и византиските мозаици, кои се подеднакво неверојатни.

Босна и Херцеговина
Државата има бројни отомански мостови, смарагдни реки и стари градови каде што Истокот се спојува со Западот, а според Travly, БиХ има и една од најпотценетите кујни во Европа.

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos.com
