9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста
Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во реалноста таков е само рано наутро, додека „градот спие“.

Кога тргнуваме на патување во некој град, прво правиме план кои знаменитости ќе ги посетиме, каде ќе се фотографираме, низ кои улици ќе се прошетаме.
И иако на фотографии делуваат како идеални места, многу туристи се разочарани кога ќе го видат во живо, најмногу поради - другите туристи, односно нивниот огромен број пред секоја локација.
На листата омилени, а сепак премногу разочарувачки во реалноста, се најдоа 9 места или знаменитости:
Пред Фонтаната Треви во Рим има толку гужва, што и во 5 наутро не е празна без туристи

Слична е ситуацијата и со Колосеумот во Рим - освен туристи пред него, ќе видите туристи кои шетаат и низ самиот Колосеум и по неговите ѕидини

Кривата кула во Пиза не е толку крива во живо

Островот на мачките во Јапонија важи за место со огромен број мачки од кои дури и не можете да се разминете, но нивниот број денес е толку мал, што тука и таму ќе сретнете по некоја мачка по улиците

Бамбусовата шума Сагано за многу посетители е разочарување - боите во реалноста не се толку живи (зависно од сезоната), а од туристите кои застануваат на сред пат за да (се) фотографираат не се милува лесно и брзо низ неа

Антарктикот станува дестинација која ја посетуваат сè повеќе луѓе - па наместо пингвини и недопрени пространства со снег и мраз, ќе ве дочекаат многу луѓе и камери од кои животните бегаат
Уште еден минус се премногу ниските температури поради кои не можете да бидете долго надвор, па целото искуство не е толку пријатно.

Планината Виникунка во Перу е позната и како „планината виножито“, но иако многу луѓе сакаат да ја посетат, сепак 6000+ метри ги искачуваат само оние кои се физички подготвени
Потребно е аклиматизирање на температурата и воздухот, па иако многу туристи сакаат да стигнат до врвот - се откажуваат.

За многу луѓе Монголија е синоним за огромни стада со коњи и многу планини, традиционална облека во шарени бои и ориентална архитектура
Но, во реалноста, во земјата има само неколку града, само 20% од патиштата се асфалтирани, населението живее номадски, без мобилни телефони, а продавници и ресторани има многу малку, во цела држава.

Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите - таков е само рано наутро додека градот спие
А потоа, од туристите нема да може да направите убава фотка, зашто сите сакаат фотографија од мостот на која ќе се гледа и замокот во далечина.
А. Ј. | Црнобело
