Американка открива: „Навики на Хрватите (и Македонците) кои порано ги мразев, а сега ги обожавам“
„Ги мразам е силен збор, но мора да кажам дека овие навики ме зачудија кога првенствено се преселив тука“, вели Оливија од САД, која ќе направи одново да се вљубите во нашиот живот на Балканот.
Оливија е девојка од САД со хрватско потекло, која во 2014 година одлучила Хрватска да ѝ стане дом.
Сега, таа на својот Инстаграм профил „Olivia | Life & Travel in Croatia“ споделува искуства од животот таму.
Овој пат таа се фокусираше на навиките на Хрватите, па и на Балканците воопшто, би кажале ние, бидејќи во овие навики ќе нè пронајдете и нас Македонците.
Таа прави споредба со животот во САД.
Едноставно, знаеме како да уживаме во животот, зарем не?
Прочитајте ја објавата на Оливија, по која повеќе ќе го цените нашиот живот на Балканот:
„Навики на Хрватите кои порано ги мразев...
Но, сега комплетно ги разбирам.
Добро, ги мразам е силен збор, но мора да кажам дека ме зачудија кога првенствено се преселив тука.
И еве што се промени кај мене, а прво ме чудеше...
Пазарење секој ден
Кај мене дома беше нормално да испазариш за наредната седмица или две. А во Хрватска? Сосема нормално е да пазариш на неколку дена.
Прво ме нервираше, но сега сакам да купувам свежи работи, да си разговарам со продавачките на тезгите и всушност да го дојадувам тоа што ми е во фрижидерот.
Дооолги кафе средби
Порано се прашував како е можно луѓето да седат со часови со едно кафе? Без да брзаат никаде, само... да си седат.
Но, сега копнеам за тие бавни кафе средби. И не е за кафето, туку е за конекцијата. И е подобро од која било брза кафе средба.
Живеење секој ден, а не само во викендите
Порано живеев за саботите. Сè чував за „викендот“.
Но, во Хрватска? Луѓето се среќаваат за ручек во вторник, за пијалак во среда вечер и всушност уживаат во животот и во текот на седмицата.
Пешачење секаде
Кога се доселив тука, прво се качував во автомобил за секаде.
Сега? Обожавам да пешачам.
Гледаш повеќе, се движиш повеќе и пешачењето ти е дел од денот, не само начин за да пристигнеш некаде.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
