Топ 6 најдобри острови за да се пензионирате во Грција, според Американка преселена таму
Дали можете да се замислите да живеете на Крф, Родос или Крит? Луѓе од целиот свет сонуваат за тоа, а сега Американка состави и листа на 6 острови во Грција, кои се најдобри за пензионирање.

Многу луѓе од целиот свет, а веруваме и Македонци, сонуваат да ги поминат пензионерските години на некој прекрасен грчки остров.
Но, кои се најдобрите грчки острови за пензионери, со ниски трошоци и квалитетен живот?
Џенифер Стивенс, уредничка на магазинот „International Living“ вели:
„Луѓето сонуваат да се пензионираат на грчки остров поради сонцето и убавината, но она што е неверојатно е колку овој сон денес е реален.
Со одличен здравствен систем, медитерански начин на живот и ниски трошоци, Грција нуди сè што ви треба за квалитетно пензионирање.
Иако многумина претпоставуваат дека животот на остров значи одрекување од удобности, во Грција добивате повеќе отколку што губите.
Од живописни улички и историски гратчиња до меѓународни аеродроми, многу од овие острови се подобро поврзани и подобро опремени отколку што луѓето очекуваат...“
Па, кои се најдобрите грчки острови за пензионери според Лин Руло?
Лин е Американка која се преселила во Атина, Грција, каде што работи како писателка, инструкторка по јога и експерт за живот и пензионирање во Грција за списанието International Living.
Топ 6 острови за пензионери според експертот Лин Руло:
Крит
Најголемиот грчки остров, со околу 600.000 жители, комбинира модерна инфраструктура со традиционален островски шарм.

Крф
Градот Крф е под заштита на УНЕСКО, со улички со калдрма и шармантна архитектура.
Има мирни зими и живописни и динамични лета.

Сирос
Остров кој е административен центар на Кикладите.
Има „континентален“ изглед со елегантна архитектура со венецијански балкони и е жив остров преку цела година. Кафулињата, пазарите и таверните не се затвораат во зима.

Наксос
Најголем остров во Кикладите, кој е познат е по тоа што има преку 10.000 крави.
Одличен за љубителите на гастрономијата и активен живот - нуди и опции за искачување.

Родос
Има над 300 сончеви денови годишно, а главниот град Родос има еден од најдобро зачуваните средновековни стари градови во Европа.
Има над 40 плажи со сини знаменца.

Евиа
Втор по големина остров во Грција, поврзан со копното преку два моста, кој е познат по природната убавина, пристапност и автентичен живот, без масовен туризам.
Централниот дел му е со шуми, ридови, маслинови насади.

Прочитајте и „Бев на грчкиот остров Евиа, патував 8 часа со автобус и траект, ја посетив и Атина - Што ми се допадна најмногу?“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
