9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач)
Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како и чевли повеќе од потребното, но и скап накит и огромни суми пари во кеш... Кои грешки откриваат дека не сте искусен патувач?

Искусните патувачи не ги преполнуваат куферите со непотребни работи од серијалот „а што ако ми притреба?“.
Тие точно знаат што и колку може да им биде потребно, способни се да се спакуваат за 1 час без да се нервираат дека им недостасува куфер плус и подготвени се за авантура.
Ако сакате и вие да оставите таков впечаток, а не како секое патување да ви е прво, време е да се ослободите од некои навики
Работи кои ги ставате во куфер, а не треба:
Премногу облека за сите можни годишни времиња
Спротивно на ова, искусните патувачки пакуваат неколку работи кои може да се комбинираат едни со други, за да немаат прекумерно резервни парчиња кои никогаш нема да ги облечат ниту искомбинираат.

Огромни перници за патување
Секако дека се удобни, но во реалноста, огромни се и тешки за транспорт, а непотребно ви зафаќаат место. Подобро одберете перничиња на дување кои не зафаќаат место или потпрете се на дуксер/јакна...

Голем број козметички продукти
Не, не ви е потребно огромно пакување шампон и гел за тело, ниту пак други козметики кои ниту дома не ги користите. Спакувајте го неопходното во мали пакувања за патување или купете мини верзии, а сите работи кои можете да ги купите на лице место или ги добивате во сместувањето – прескокнете ги за во куфер.

Вреден и скап накит
Освен ако не одите во Милано на модно шоу, тогаш не мора да го понесете целиот скап накит за обично патување или летен одмор.
Дијамантите и златото оставете ги дома ако не сакате непотребни главоболки, губење, крадење и други проблеми.

