9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач)
5 пара чевли
Едни за шетање, едни за вечера, други за на плажа, уште едни за секој случај... Секако дека нема потреба од ова.
Доволно е да патувате со едни удобни патики и во куфер да понесете уште едни резервни, сандали, мокасини или нешто друго зависно од типот на патување и дестинацијата.

Големи суми на пари во кеш
Одамна поминаа деновите кога мораше со себе да ги носите сите пари во кеш, бидејќи на голем дел од местата сега се користат картици, па не мора да се грижите каде ќе ги чувате парите или дали ќе ви прават проблем на граница.
Секако, ова важи за места каде што знаете дека не се наплаќа само во кеш, па со себе може да носите само некоја неопходна сума на пари за секој случај.
Во итни случаи, може да направите и трансфер на пари електронски, па да добиете кеш во специјализирани менувачници.

Куп книги како да сте ограбиле библиотека
Да, нема ништо подобро од мирисот на хартијата и читање книга на плажа или каде и да сте.
Но, реалноста е дека не може да понесете премногу, посебно ако се многу тешки. Подобро да земете 1-2 помали, или да читате електронски книги.

Премногу облека која бара одржување
Ако голем број парчиња облека бараат пеглање, лесно се валкаат или ви создаваат други компликации и никогаш не ви биле пробани или удобни ниту дома – подобро прескокнете ги.
Носете облека која не се гужва, лесно може да се исчисти и исуши ако дојде до валкање и која знаете дека ви е удобна и пробана.

Работи што може да се најдат за секој случај
Ова е најопасното. Кабаница, вишок костим за капење кој не сте го ни пробале, 3 адаптери и полначи, термос, мини ѓезве и уште куп работи...
Да, може да се најдат, но реалноста е дека веројатно нема потреба од нив, а ако е зорт – ќе купите на лице место.
Искусните патувачи размислуваат минималистички – колку помалку толку подобро, само она што е најнеопходно. Потребна ви е слобода, спонтаност и помалку стрес.

M. M. | Црнобело
