Патував 20 часа од Скопје до Милано со автобус, ги посетив и Комо и Верона - Зошто би одела пак на организирана тура?
Последна станица на турата низ Италија беше Верона.
Градот на Ромео и Јулија не сум го посетила никогаш.
Дури и мислев дека е некое минијатурно гратче во кое освен фамозната куќа на Јулија, нема што да се види.
Но, Верона ме изненади пријатно. Стариот дел на градот беше поубав од повеќето работи што ги видов во Милано, Комо и Лугано - шарени куќи, тесни улички, пазар со тезги кои те мамат да купиш нешто, историја на секој чекор и голем колосеум од времето на Империјата.
Посетата на куќата на Јулија беше забавна (иако имаше огромен ред и чекавме долго за да влеземе).
Но вистински погодок беше пицата на плоштад (овој пат Маргарита - најиталијанската италијанска пица за 7 евра), залеана со ново Негрони (за само 8 евра).
А насекаде околу нас италијанска музика, buongiorno, насмеани Италијанци кои мавтаат со рацете додека зборуваат и ciao или grazie за крај.
Верона навистина беше јаготката на шлагот на ова патување.
Оттаму до Скопје стигнавме за 19 часа - неколку паузи, една прочитана книга во автобус (од околу 420 страници), една пита со јаболка во Мекдоналдс и веќе бевме дома.
Поради краткото време не успеав да го видам Сан Сиро, стадионот на AC Milan, ниту пак најголемата продавница на Starbucks која е во вид на фабрика за кафе, а се наоѓа во Милано. Или, модерниот дел на градот.
Но, сето тоа ќе остане за некоја следна посета на градот на модата и фудбалот.
Дали би тргнала пак со автобус на организирана тура?
Да! И тоа од неколку причини: турата чини многу поевтино (иако патот е напорен малку), постои можност во неколку дена да се видат повеќе места, не се замарате за превоз, паркинзи, мапи - друг се грижи за вас.
Уште ако на сето тоа ви се погоди времето и друштвото (како мене со сестра ми и внука ми, но и неколкуте луѓе кои седеа околу нас во автобусот), тогаш имате добитна комбинација.
Уште неколку фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





