Патував 20 часа од Скопје до Милано со автобус, ги посетив и Комо и Верона - Зошто би одела пак на организирана тура?
Саботата беше резервирана за посета на Лугано во Швајцарија, а потоа и за Комо.
Од Милано до Лугано има само околу 80km, и се стига за околу еден час, и покрај границата (која се минува без застанување ако сте со автобус, но ви ги проверуваат документите доколку патувате со автомобил).
И колку и да изгледаше градот луксузно и богато, ситниот дожд и тмурното време го расипаа впечатокот.
Но, тоа ни овој пат не значеше дека ќе седнеме во некое кафуле за да се сокриеме, туку, го пропешачивме центарот, посетивме католичка катедрала и православна црква, а турата ја завршивме со влез во синагогата.
Додека шетавме покрај езерото, ѝ велам на внука ми:
„Ајде сликни ме со градот и планината во позадина“.
Таа ми се изнасмеа и ми покажа фотка на која сум „во магла“, без никаква раскошна позадина каква што требаше да има.
Во Лугано, на самото шеталиште, го испивме и првиот Аперол, кој таму чинеше 9 швајцарски франци, додека капучино беше 4 франци.
Имајќи предвид дека франците и еврата вредат скоро исто, ова не беше воопшто скапо.
Само неколку часа подоцна, на плоштадот во Комо пиев Негрони (преубав аперитив, а мене дури и подобар од Аперолот), но чинеше 12 евра.
Порачав и тирамису за 10 евра, па на крајот се покажа дека Комо е поскапо од Лугано.
Освен што градот го прошетавме пешки и уживавме истражувајќи ги уличките полни со историја и преубава архитектура, бевме и на крстарење по езерото, една од факултативните тури, но на која отидоа сите од автобусот.
Додека пловевме, сфатив дека Комо со причина е монденско место кое Џорџ Клуни го избра за да „избега“ од Холивуд и зошто има хотели каде ноќевање е и над 20.000 евра.
Но, во глава ми одѕвонуваа зборовите на многумина Македонци (но и странци) што го посетиле, а кои велат дека наш Охрид со Охридското Езеро се многу повпечатливи од езерото Комо.
По турата, мора да кажам дека се сложувам со нив.
Крајот на денот беше испланиран за нова посета на Милано, па овој пат решивме да ги видиме каналите Навиљи за кои слушав толку многу.
По патот дотаму видовме и многу градби и местенца кои сигурно немаше да ги видиме ако тргневме со метро.
И иако ги опишуваат како малата Венеција во Милано, бев разочарана од глетката.
Два моста, оддалечени неколку стотина метри и кафулиња и ресторани од кои повеќето беа затворени, па можеби тоа и беше причината што Навиљи го немаше шармот кој го очекував.
Прошетката повторно ја завршивме кај Дуомото, кое и ноќе е подеднакво импозантно како и преку ден.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





