Данче од Гевгелија: „Со децата бевме во Леголенд во Германија - како си поминавме?“
Еве неколку општи информации за Леголенд:
ЛОКАЦИЈА:
Гинцбург, Германија
Како да стигнете до Леголенд:
Се наоѓа помеѓу Минхен и Штутгарт, па со автомобил е најдобрата опција.
СМЕСТУВАЊЕ:
Постои хотел во склоп на Леголенд, но според мене е преценет и непотребен.
Ние најдовме сместување преку Booking во мало местенце близу до Леголенд.
Како алтернатива може да разгледате: Улм, Аугсбург, Минхен...
ЗА КОГО Е ЛЕГОЛЕНД:
За деца над 5 години, идеално 6+.
Повеќето возења се за деца од 90 до 120 сантиметри, но со придружба на родител.
Децата над 120 сантиметри можат сами. Забавно е за целото семејство.
ЦЕНИ НА КАРТИ:
За сите е иста - 39 евра во работни денови, 44 евра за викенд.
Деца до 3 години не плаќаат.
КОГА ДА ГО ПОСЕТИТЕ ЛЕГОЛЕНД:
Пролет/есен кога нема високи температури и не е распуст.
Во зима не работи, освен еден мал затворен дел.
ПРЕПОРАКИ:
Преземете ја апликацијата за да знаете колкава е гужвата на возењата.
Понесете нешто за грицкање и вода – задолжително.
Купете карти онлајн и резервирајте паркинг кој чини 10 евра за целиот ден.
Наши омилени 5 возења:
Lego Ninjago The Ride
Pirate Falls
Fire Academy
Fire & Ice Tower
The Great LEGO Race“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





