Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Данче од Гевгелија: „Со децата бевме во Леголенд во Германија - како си поминавме?“

„Ова е едно од оние места каде што заборавате колку години имате и место што мора да се доживее - секако, ако имате можност да си го дозволите додека децата се мали (5–12 години). Цената на билетите за сите е иста - 39 евра во работни денови, 44 евра за викенд“, вели Данче која е мајка на 3 деца и е мажена во Нови Сад.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-01.jpg

Данче Томашевиќ е креативна мајка од Гевгелија, омажена во Нови Сад, која стана позната по своите уникатни и уметнички декорирани оброци, познати како „food art“, кои ги создава заедно со своите три синa.

На нејзиниот Инстаграм профил „Mama.sa.limana“ таа споделува фотографии од оброците, но и од семејните авантури со сопругот и трите синови, Марко и близнаците Иван и Милан.

Прочитајте и Празнични декорации на чинија – Гевгеличанката Данче креира ремек дела од храна

Сега, таа открива детали за авантурата во Леголенд, Германија.

Нејзиното искуство ќе им помогне и на другите кои планираат ваква авантура:

„Ова беше авантура за паметење. Многу уживавме и ние и децата, и едвај чекаме сè да повториме одново.

Дефинитивно беше ден за паметење.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-02.jpg

Ова е едно од оние места каде што заборавате колку години имате и место што мора да се доживее - секако, ако имате можност да си го дозволите додека децата се мали (5–12 години).

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-09.jpg

Во споредба со Дизниленд, во Леголенд речиси целата содржина е наменета за деца од 6–7 години, има многу помалку гужви и многу е попогоден за таа возраст.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-05.jpg

Немам што да кажам освен дека ова е една голема, голема семејна авантура.

Нашите дечиња дури во Прага дознаа дека одат во Леголенд, па возбудата беше уште поголема.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-15.jpg

Тие што нè следеа на Инстаграм знаат дека им рековме дека ќе ги водиме во аквапарк во Будимпешта, а оттаму секој ден на некој интересен начин им ја откривавме следната дестинација.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-08.jpg

Нашата тура изгледаше вака:

Патувавме преку Будимпешта, Братислава (само кратко застанавме), Виена, Прага, Плзењ (повторно само кратко), Нирнберг, Леголенд и на враќање: Салцбург, Грац, Марибор (кратко), Загреб и Нови Сад.

Оваа тура бара најмалку 10 дена.

so-decata-bevme-vo-legolend-vo-germanija-kako-si-pominavme-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Локал кој се наоѓа над Котор во Црна Гора стана вирален хит поради спектакуларниот поглед (фото+виде... Овој локал има спектакуларен поглед кон Которскиот залив, а е дел од општината Ц...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
10-те најоддалечени острови во светот, кои се меѓу најизолираните места на Земјата Тристан да Куња е најизолираниот населен остров - се наоѓа во јужниот дел на Атл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg