Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото)
Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Можеби на неа нема „фенси“ бич барови, но со тиркизната вода, природните сенки карпите одоколу, нема ни да ви требаат.

Дубаи, Кариби и слично се дестинации што сакаат да ги посетат многумина, но факт е дека не секој е во можност да си дозволи такво патување.
Сепак, не треба да одите до која било далечна дестинација за да уживате на плажа која изгледа како разгледница.
Во близина на хрватскиот град Макарска има скриена плажа што е гордост за локалците кои ја споредуваат и со Дубаи.
Плажата позната како Велика Дуба (Velika Duba) се наоѓа во општината Живогошќе, па локалците си ја нарекуваат и „Дубаи во Живогошќе“.
Скриена помеѓу густа шума и карпи, плажата се наоѓа во близина на главниот пат, а можете да дојдете директно до неа и со автомобил. Во близина има паркинг (кој се наплаќа).
Можеби на плажата нема „фенси“ бич барови, но со тиркизната вода, природните сенки и карпестиот пејзаж, нема ни да ви требаат.
