На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме турскиот Дизниленд и Аквариумот“

„Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бевме со Ultra All-Inclusive, со што не мора да се грижите за пари, имате што сакате и кога сакате од храна, но и забава и активности. Покрај прекрасното сместување и уживањето на плажата, нашиот одмор го збогативме со неколку волшебни излети“ - Ана од Битола за CRNOBELO.com раскажува детално за прекрасниот семеен одмор во Анталија. 

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija-01.jpg

Ана Петровска (33), Магистер по деловно право, вработена во нотарска канцеларија, љубител на музиката и уметноста, со сопругот Никола Петровски (40), сообраќаен инженер, истовремено љубител на фотографијата и видеото и нивната 8-годишна ќеркичка Лина Петровска, љубител на цртањето и боењето, а и на природата, живеат во Битола.

Оваа година летниот одмор го поминаа во Анталија, Турција, а своите импресии и искуство решија да ги споделат за CRNOBELO.com. 

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_44.jpg

Во продолжение прочитајте повеќе за искуството од одморот во Анталија што Ана го раскажува за CRNOBELO.com...

„Нашето патување започна со возбуда уште од аеродромот во Скопје, а беше организирано преку скопска туристичка агенција. 

Летот до Анталија траеше приближно 1 час и 45 минути со авиокомпанијата Sun Exspress, удобно брзо и безбедно, време кое помина брзо благодарение на убавите погледи низ прозорецот и радоста на Лина која со нетрпение го очекуваше одморот од соништата.

По слетувањето на аеродромот во Анталија, следуваше пасошка контрола и подигнување на багажот, што траеше околу 30-45 минути.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_04.jpg

Потоа, се упативме кон автобусот што нè чекаше пред аеродромот – трансферот до хотелот Sultan of Dreams во местото Кизилот траеше приближно 1 час и 30 минути, со кратко застанување кај уште неколку хотели за да се симнат други патници.

И покрај малиот умор од патот, возењето беше пријатно – имавме можност да уживаме во погледот на медитеранската природа, планините и брегот.

Кога конечно пристигнавме во хотелот, бевме пречекани со љубезен персонал, освежителен пијалак и насмевки. Сместувањето беше брзо и ефикасно, во прекрасна соба со преубав поглед.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_58.jpg

Веднаш нè освои раскошниот влез, паркот, зеленилото и љубезниот персонал. Хотелот е сместен директно на прекрасна песочна плажа, со приватен пристап и лежалки под палми.

А морето… вистинска магија! Водата беше топла, кристално чиста и мирна, идеална и за деца и за релаксација. Плажата чиста, песочна со ситни камчиња и имаше доволно простор за сите.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_05.jpg

Секој ден уживавме во капење, сончање и шетање по брегот, а моментите на зајдисонцето покрај морето и тие волшебни фотографии се нешто што засекогаш ќе го паметиме и врамиме во нашето срце.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_12.jpg

Sultan of Dreams навистина го оправда името, престојувавме 6 ноќи, седум дена во чисти и комфорни соби, базените огромни и забавни, особено за деца, а храната вкусна и разновидна – за сечиј вкус.

Најубаво беше тоа што секој ден можевме да го започнеме со турско кафе или турски чај со поглед на море, а да го завршиме со прошетка покрај плажа и прекрасно зајдисонце.

Хотелот нудеше candy party и вечерни шоу-програми, анимации за деца и моменти за вистински одмор.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_10.jpg

Во хотелот бевме со Ultra All-Inclusive, а тоа значеше целосно уживање без грижи со 3 оброци на шведска маса, ужини, сладолед, палачинки, алкохолни и безалкохолни пијалаци цел ден, забава, шоу програми, базени и плажа.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_23.jpg

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_15.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно м... „Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држав...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...

Најчитани неделава