На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме турскиот Дизниленд и Аквариумот“

Така немате грижа за пари, јадете и пиете колку сакате и кога сакате, идеално е за семејство со деца бидејќи сите се сити и среќни, а притоа имате слободно време.

На крај сфаќате дека е поевтино отколку да плаќате сè одделно.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_11.jpg

Покрај прекрасното сместување и уживањето на плажата, нашиот одмор го збогативме со неколку волшебни излети што ни ја исполнети душата со убавини, смеа, восхит, прекрасни фотографии и видеа.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_46.jpg

Го посетивме Анталија Аквариум, еден од најголемите аквариуми во Европа – како да зачекоривме во друг свет. Прошетката низ стаклениот тунел опкружени со ајкули, тропски риби и живописен морски свет беше неверојатна.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_76.jpg

Очите ни блескаа, а Лина беше воодушевена, посебно кога им даваше ракчиња на ражите и ги галеше истите. Како да бевме дел од подводна бајка.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_81.jpg

Во музејот на восочни фигури, пак, како да се сретнавме со славните од блиску. Ликовите беа толку реални, што за миг забораваш дека се восочни.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_33.jpg

Особено впечатлива беше средбата со Хари Потер – момент кој Лина ќе го памети засекогаш. Фотоапаратите работеа без престан.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_87.jpg

Шетајќи низ старите улици на Kaleiçi, се чувствувавме како времето да застанало. Камени куќи со дрвени балкони, мали занаетчиски дуќанчиња и улична уметност го пренесуваат духот на некоја поинаква, посмирена епоха.

Се изгубивме во таа убавина – со мирис на историја и ехо од старите времиња.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_42.jpg

Го посетивме и Водопадот Куршунлу – овој скриен бисер ни подари моменти на длабок мир.

Зеленилото, песната на птиците и шуштењето на водопадот создадоа чувство како да сме во рај. Прошетката по дрвените патеки и свежиот воздух ни беа вистинско полнење на батериите.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_50.jpg

А за крај, вечерта во Земјата на Легендите (Land of Legends) беше како да зачекоривме во фантазија.

Сјајот на светлата, спектакуларната музика, лебдечките бродови и актерите во магични костими – сè изгледаше како сцена од филм.

Децата беа воодушевени, а ние како да повторно оживеавме детски сни. 

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_77.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно м... „Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држав...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...

Најчитани неделава