На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме турскиот Дизниленд и Аквариумот“

Вечерта кога ја посетивме Land of Legends, сфативме дека некои бајки не се само за читање – туку за живеење.

Ова магично место, наречено и турскиот Дизниленд, не е само забавен парк, туку цел еден свет полн со фантазија, светлина и музика.

Сè започна со шарена парада низ каналот – бродови осветлени со илјадници светилки, танчари облечени како ликови од соништата, и музика што те носи некаде далеку.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_71.jpg

Детските очи сјаеја, а и возрасните заборавија на реалноста – барем за миг.

А кога започна ноќното шоу со танцувачката фонтана, времето како да застана. Водата танцуваше во ритам на музика, обоена во сите бои на виножитото, додека небото блескаше од огномет.

Тоа не беше само претстава – тоа беше емоција, магија и сонот што станува стварност.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_63.jpg

Land of Legends е повеќе од место – тоа е доживување што се памети, бајка која живее … и останува во срцето долго по враќањето дома.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_72.jpg

За оние што се заинтересирани за климата, климата во Анталија беше поднослива и пријатна, иако дневните температури се искачуваа до 38 степени Целзиусови.

Сепак, благодарение на морскиот ветер, навечер лесно изладуваше и се создаваше освежувачка атмосфера, идеална за прошетки и спиење, без комарци и други инсекти.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_20.jpg

Ако ме прашате зошто би се вратиле пак?

Можам да сублимирам дека покрај сите природни убавини, чистото море, вкусната храна и волшебните излети – она што навистина ни остана во срцето е гостопримливоста на луѓето.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_66.jpg

Турскиот народ е толку топол, љубезен и насмеан, што на секој чекор се чувствувавме добредојдени. Без разлика дали беше во хотелот, на базар, во ресторан или во град – секој зборуваше со почит и добрина.

Токму таа човечка топлина, покрај сите спомени, ни вели: „Вратете се пак. Ова место не е само дестинација – туку чувство“.

na-semeen-odmor-so-ana-od-bitola-vo-antalija_52.jpg

Доколку и вие сакате да ни споделите интересни искуства од вашиот летен одмор за сезона 2025, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно м... „Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држав...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...

Најчитани неделава