Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите?
Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои се другите на листата и кога може да ги посетите за да уживате во магијата? Повеќето завршуваат во декември, а неколку траат до почетокот на јануари.

Листата со најубави европски божиќни пазари за оваа сезона пристигна, а направена е според гласањето на рекордни 753.000+ искусни светски патувачи.
За оние кои се вљубеници во традицијата и уживањето во новогодишни декорации и базари, но и во патувања, тогаш оваа листа е за вас.
Доколку се мислите каде да одите, во продолжение издвојуваме 15 најубави божиќни пазари во Европа, како и датуми кога ќе може да ги посетите за со време да испланирате.
Дури и да не одите никаде, во ред е виртуелно да отпатувате во магијата преку фотките:
Гдањск, Полска (21 ноември – 23 декември)

Крајова, Романија (14 ноември 2025 – 4 јануари 2026)

Рига, Латвија (28 ноември 2025 – 4 јануари 2026)

Есен, Германија (14 ноември – 23 декември)

Валкенбург, Холандија (14 ноември 2025 – 4 јануари 2026)

Виена, Австрија (14 ноември – 25 декември)

Марбеља, Шпанија (1 декември 2025 – 6 јануари 2026)

Прага, Чешка (29 ноември 2025 – 6 јануари 2026)

