Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска

Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејствата со деца - предлагаме 5 прекрасни плажи, кои се едни од најубавите на Макарска ривиера - од диви и скриени, до популарни и со барови, а секаде водата е кристално чиста и тиркизна. 

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-01.jpg

Во близина на градот Макарска, се наоѓаат неколку крајбрежни туристички местенца, како Брела, Башка Вода, Играна или Тучепа, кои вреди да се посетат ако сакате мир, оаза, тиркизна и кристално чиста вода.

Долгиот брег на Макарска ривиера нуди неколку прекрасни плажи, кои важат за едни од најубавите во Хрватска.

Можеби овој дел не е толку популарен како островите, но сепак многу Македонци периодов летуваат токму тука и уживаат во убавините на оваа ривиера.

Доколку се двоумите, во продолжение неколку плажи на Макарска ривиера кои ќе ве натераат да ги посетите:

Плажа Нугал

Совршена подзаскриена плажа со убавина која вреди да се доживее, но за таа цел потребна е прошетка низ шума од околу 30 минути, па пожелно е да понесете патики.

Станува збор за дива плажа под карпи која се наоѓа помеѓу Макарска и Тучепа, каде ќе уживате во слободата и прекрасниот пејзаж со тиркизното море.

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-03.jpg

Плажа Макарска

Ова е главната градска плажа, за сите оние кои сакаат пожива и динамична атмосфера, со повеќе гужва, но и многу активности – од парасејлинг до сурфање на ветер, како и бројни барови и ресторани.

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-02.jpg

Плажа Пунта Рата

Оваа плажа се наоѓа во местото Брела, има ситни камчиња, но песочен влез во море, а брегот го красат високи борови кои помагаат за природна ладовина и совршено бегство од сонце.

Тиркизната вода ја прави идеална, неколкупати има добиено награди, има организиран дел со лежалки и барови, а препознатлива е по округлата карпа во морето.

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-04.jpg

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-05.jpg

Плажа Николина

На 10-тина километри од Макарска се наоѓа една од популарните плажи на оваа ривиера, која е сместена во срцето на Башка Вода.

Морето е кристално чисто, со азурна боја, плажата е опкружена со зеленило и природна сенка, околината нуди многу активности, шармантни кафулиња и ресторани, како и лежалки.

Освен тоа, плажата Николина гордо го носи синото знаме, симбол на беспрекорно чисто и квалитетно море.

top-5-najubavi-plazhi-na-makarska-riviera-vo-hrvatska-06.jpg

Плажа Велика Дуба

Уште една плажа скриена помеѓу густа шума и карпи, во близина на Макарска, каде нема фенси бич барови, но има вистински мир, пејзажи кои не се опишуваат со зборови и кристално чисто тиркизно море.

Локалците уште ја нарекуваат и „Дубаи плажа“, а изгледа како да е од разгледница.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
7 најубави плажи на атинската ривиера во Грција – спој на луксуз, идилична атмосфера и чисто море Astir Beach е за оние кои сакаат луксузно бегство покрај море со сини води и ели...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава