„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локалот, што го работи 20 години“


Инаку, ќе признаам дека не ја пропуштив можноста да ги посетам Вевчанските Водопади, каде сè уште имаше малку снегче, да се изгубам во улиците од калдрма, каде локалци љубезно ме поздравуваа, како да сум една од нивните, не пропуштив ниту да се симнам сред село и да видам како пулсира срцето на местото во една саботна ноќ и верувајте имаше и полни кафулиња и кафеани.

И си помислив дека некако животот тука има посебна магија и дека понекогаш навистина треба да го забавиш темпото за да го забрзаш пулсот од убавина.


Да вдишеш чист воздух и да ги отвориш сетилата за што сè Македонија нуди, а Вевчани? Дефинитивно е еден од нејзините бисери и пример како се води рурален туризам.
Повеќе фотографии од прославата по повод 20 години Кутмичевица погледнете ТУКА...
Повеќе фотографии оттаму:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
