Калитеа – 30 евра по особа, Сивири – со консумација: Какви се цените за лежалки на првиот крак во Грција за лето 2026?

На дел од градските плажи, потребна е одредена минимална консумација на пијалаци, во некои бич барови, пак, само сет лежалки се плаќаат и од 60-120 евра за прв ред, а некаде е доволно да се нарачува пијалак на секои 4 часа - какви се цените за лежалки сезонава на првиот крак во Грција, кои некаде се менуваат зависно од месецот?

kalitea-30-evra-siviri-so-konsumacija-kakvi-se-cenite-za-lezhalki-na-prviot-kraj-vo-grcija-za-leto-2026-01.jpg

Цените во грчките летувалишта секоја сезона по малку се покачуваат – од цена за лежалки на плажите, до цена на храна и пијалаци, па и сместувања.

Доколку летово одите на одмор на првиот крак во Грција, Касандра, можеби ќе ве интересираат цените за лежалки и чадор на разни градски плажи и бич барови.

Некаде уште се применува „системот“ на плаќање лежалки со консумација, но на голем дел од плажите, лежалките се плаќаат и засебно и дополнително треба да си платите за пијалаци и храна.

На Инстаграм профилот на Никана, објавија цени на лежалки од повеќе туристички места:

Неа Мудања

  • Прв ред: 30 евра по сет лежалки со чадор
  • Останати редови: 25 евра по сет

kalitea-30-evra-siviri-so-konsumacija-kakvi-se-cenite-za-lezhalki-na-prviot-kraj-vo-grcija-za-leto-2026-02.jpg

Калитеа

  • 20-30 евра по особа, зависи од бич барот
  • Saltwater Bar Restaurant: од 60-120 евра во зависност од редот

kalitea-30-evra-siviri-so-konsumacija-kakvi-se-cenite-za-lezhalki-na-prviot-kraj-vo-grcija-za-leto-2026-03.jpg

Полихроно

  • Минимална консумација во повеќето бич барови: 20-40 евра, зависи од редот
  • Salty Beach bar: 60 евра за прв ред, 50 евра за втор ред, 40 евра за трет ред

kalitea-30-evra-siviri-so-konsumacija-kakvi-se-cenite-za-lezhalki-na-prviot-kraj-vo-grcija-za-leto-2026-04.jpg

Неа Каликратија

  • Првите три реда: минимална консумација од 50 евра по сет
  • Таму каде што нема минимален услов, треба да се нарачува пијалак на секои 4 часа

kalitea-30-evra-siviri-so-konsumacija-kakvi-se-cenite-za-lezhalki-na-prviot-kraj-vo-grcija-za-leto-2026-05.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава