Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026
На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијалак, на Kalogria Beach минималната консумација е 30-40 евра за сет лежалки, во Неос Мармарас само лежалките чинат 10 евра, а пијалакот се наплаќа дополнително – какви се цените сезонава на вториот крак во Грција?

Иако вториот крак во Грција, Ситонија, важи за подив од првиот, сепак и таму има многу плажи кои веќе се комерцијализирани и на кои има многу бич барови организирани со лежалки.
На повеќето има простор и за слободно поставување чадор, но доколку ве интересира како се движат цените во бич баровите низ местата на Ситонија, во продолжение погледнете ја листата.
Од српската агенција Никана, објавија цени од повеќе плажи (цените може да се менуваат според период во сезоната):
Никити
Минимална консумација за сет лежалки: 20-30 евра, зависи од барот

Сарти
Во некои барови, минимална консумација за сет лежалки во први два реда: 20-30 евра
Во останатите редови се добиваат лежалки со нарачан пијалак.

Торони
Минимална консумација: 20-30 евра, зависно од барот
DaLuz и Astakos се поскапи, со минимална консумација која почнува од 50 евра па нагоре

Неос Мармарас и Парадизос
Сет лежалки: 10 евра, а пијалаците се наплаќаат дополнително

Псакудија и Метаморфози
Во повеќето барови лежалки се добиваат само со нарачан пијалак
