10 причини зошто да одмарате на село

10-pricini-zosto-da-odmarate-na-selo-1

Жештина, умор, стрес. Доста ви е од работа, обврски, нервозни комшии, гужви во сообраќај. Ви се смачи од едноличниот амбиент, истите луѓе, непроменливите маршути.

Што да направите? Ние ви препорачуваме да побегнете на викенд во некој фантастичен рурален предел каде ќе можете да се опуштите, релаксирате и да се освежите.

Еве 10 причини зошто селото е добар избор:

1. Нема гужва. Мир, тишина и само звуците на природата. Нема автомобили и нервози.

2. Свеж воздух. Вашите бели дробови конечно ќе почувствуваат чист воздух. Непрскан, без издувни гасови и канализациони испарувања.

3. Мирен сон. Нема ништо подобро од спиење во камена куќичка, ладовина или лулашка пред куќата. Нема насилно будење, ѕвонење на телефони, несмасни комшии.

4. Храна. Уживајте во домашно лепче, јајца од кокошката во дворот и вкусна салата од домашно одгледани домати.

5. Селото дозволува да ја занемарите модата. И да се прошетате и без шминка и дотерување.

10-pricini-zosto-da-odmarate-na-selo-2

6. Одмарање на очите. Без интернет и телевизија. Без никакво зрачење. Само одмор.

7. Селото го отстранува стресот. Уживањето во природата, тишината, чистиот воздух и стресот бега од вас.

8. Селото е постаро од градот. Разговарајте со селаните. Тие секогаш имаат интересни приказни. Можете да научите многу за традицијата и минатото.

9. Селото сигурно има некоја рекичка или макар извор со чиста и бистра вода. Освежувајте се овде иако водата е малку постудена од колку што сте најверојатно навикнати.

10. И секако, секое патување носи предизвици, па и ова не е исклучок. Никогаш не знаете што може да ви се случи. Нова авантура, забава, уживање.

Ако сте се шетале низ селата во нашава земја, оставете препорака во коментарите за места кои навистина вредат да се посетат.

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Од Скопје има евтини летови до Неапол, но зошто туристите се разочарани од градот? Од Скопје има евтини летови до Неапол, а овој италијански град се смета како доб...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg