Лас Палмас де Гран Канарија - совршена комбинација од златни плажи и забава

Град на удобна тропска клима и еден од водечките туристички дестинации во светот кој секоја година привлекува голем број на туристи. На 100km се наоѓа Канарскиот архипелаг составен од седум острови, кои некогаш биле само рибарски села, а сега претставуваат туристичка сензација.

las-palmas-de-gran-kanaria-01

Познат е како островот на вечната пролет и затоа можете да уживате во блага клима и пријатни температури во текот на есента и зимата.

Лас Палмас де Гран Канариа е главниот град на Гран Канариа и е најголемо место на Канарските острови. Тој е денеска космополитски град кој може да ви ги задоволи сите желби.

Овој град е познат како морско пристаниште каде од едната страна се наоѓа модерниот трговски простор Puerto de la Luz, кој води до некогашниот остров La Isleta, додека на другата страна се наоѓа Playa de las Canteras. Ова е долга златна песочна плажа со многу бич-барови, ресторани и хотели.

las-palmas-de-gran-kanaria-02

Ако сакате да го збогатите патувањето истражувајте места во Parque Santa Catalina. Тоа е популарен трговски центар со бројни ресторани. Во зелената површина на Ciudad Jardinе се наоѓа Parque Doramas и познатото казино Santa Catalina. Во Pueblo Canariji ќе имате шанса да гледате народни танци и да уживате во менталитетот на локалното население.

Во центарот на градот има прекрасна катедрала Catedral de Santa Ana, која започнала да се гради во 1500та година. Музејот кој се наоѓа до катедралата, Diocesanon de Arte Sacro соработува со врвни уметници. Блиску е и Casa de Colon, резиденцијата на гувернерот во која тој престојувал, како и Колумбо.

Canario музејот нуди можност да дознаете нешто повеќе за историјата на островот да видите мумии и накит од староседелците. Уживајте во магичната природа на островот и интересната култура.

las-palmas-de-gran-kanaria-03

las-palmas-de-gran-kanaria-04

las-palmas-de-gran-kanaria-05

las-palmas-de-gran-kanaria-06Извор

las-palmas-de-gran-kanaria-07

las-palmas-de-gran-kanaria-08

las-palmas-de-gran-kanaria-09

las-palmas-de-gran-kanaria-10

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg