Како да патувате поевтино?

kako-da-patuvate-poevtino-povekjeПатувањето е омилена активност на многумина посебно во летниот период кој полека, но сигурно ни се приближува. Без разлика дали патувате сами...

 

...или со друштво постојат начини како да ги намалите трошоците.

Ако времето на патувањето не е фиксно, можете да заштедите пари ако патувате вон сезона.

kako-da-patuvate-poevtino

1. Направете споредба на цените

Постојат страници каде може да ги споредите најновите цени на аранжманите во понудите. Внимателно читајте во понудата што се ви е вклучено.

Ако патувате со авион, често пати авионските такси не се вклучени, а чинат мало богатство. Обидете се да направите сопствен аранжман.

Ангажирајте се и истражувајте на интернет: летовите од соседните земји се 3 пати поевтини ако резервирате карта неколку недели однапред.

Пронајдете хостели и соби за спиење. Често пати ваквото патување ќе ви излезе поевтино отколку агенциски аранжман.

2. Патување за време на спортски настани

За време на првенствата обично паѓа цената во земјите каде на пример фудбалот не е популарен спорт. Постојат и попусти во земјите учеснички на првенството.

Дури и традиционално популарните летни дестинации во Шпанија и Португалија може да се посетат за пониски цени.

3. Интерконтинентални патувања

Стана еднакво – одмор на Куба е еднаков со одмор во Турција, благодарејќи на евтините летови. А добивате далеку повеќе.

4. Европско патување со воз

Eurorail картата овозможува брз и едноставен превоз со железница низ земјите во Европа. Одличен начин да заштедите.

5. Барајте попусти

Земји со политичка нестабилност или земји погодени од економска криза, се нудат помалку. Барајте попуст на понудената цена.

6. Намалете ги трошоците на дестинацијата

Купувајте поевтини сувенири, јадете во евтини ресторани, немојте да трошите на работи кои може да ги купите и дома.

7. Скратете на непотребни трошоци

Не правете беспотребни меѓународни телефонски разговори. Кое е задоволството ако кога се вратите дома ве чека километарска телефонска сметка?

Би можело да ве интересира:

Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg