Најбезбедни земји за патување во 2017-та

Многу луѓе светот го гледаат како многу поопасно место сега отколку во минатото.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-01.jpg

Секакви информации доаѓаат до нас секој ден и тешко е да ги избегнеме предупредувањата и вестите за лошите случувања низ земјите во светот.

Сепак, тоа не значи дека треба да се откажеме од патување, авантури и запознавање нови култури.

Постојат истражувања и критериуми за мерење на безбедноста на земјите во кои се вклучени многу индикатори, а најочигледен и најважен е индексот на тероризам.

Други индикатори вклучуват колку можете да се потпрете на полицијата и стапката на самоубиства и убиства, па така се одредени најбезбедните земји во светот.

Добрата вест е што безбедноста не значи дека тие се здодевни места за посета.

Погледнете кои се 10-те најбезбедни заемји за патување и што можете да видите во нив:

10. Катар

Катар е меѓу прворангираните земји на Блискиот Исток, во поглед на безбедност и на целокупно оценување. Овде има многу што да правите: да шетате и талкате низ Souq Waqif, каде можете да најдете сѐ и сешто, да го посетите приватниот музеј на шејкот Faisal, или да го посетите островот Pearl-Qatar.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-02.jpg

9. Руанда

На 9-тото место се наоѓа оваа земја која нецелосно ги остварува сите критериуми (стапката на тероризам и убиства не е толку ниска како на другите земји). Руанда е дом на многу природни чуда – туристите може да го посетат горила паркот на една страна од земјата, а на другата да гледаат жирави и лавови.

najbezbedni-zemji-za-patuvanje-vo-2017-ta-ruanda.jpg

8. Швајцарија

Оваа прекрасна земја која се наоѓа на 9-тото место за безбедност, нуди многу убави искуства. Од скијање на Алпите и скокање на банџи до уживање во неверојатни глетки и природни убавини кои ги поседува.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-04.jpg

7. Норвешка

Земјата која за потпирање на полицијата е рангирана на 5-то место, а за севкупна безбедност на 7-мо, има многу со што да се пофали. За посета фокусирана на природата, погледнете ги познатите фјордови или патувајте низ некои од 18-те познати национални туристички рути. За искуство од аспект на културата на оваа земја, пробајте го нивното традиционално пиво или прочетајте на кровот на Операта во Осло.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-05.jpg

6. Сингапур

Сингапур добро ги остварува критериумите за безбедност. Криминалот и насилството се на ниско ниво и може да се потпрете на полицијата, а стапката на убиство е на речиси најниско ниво. Посетете ги музеите, „заборавете се“ на шопинг, или истражувајте и шетајте низ колоритните улици.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-06.jpg

Останатите 5 најбезбедни земји откријте ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg