Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона

И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и тоа на неколку различни локации. Ако тргнете да правите обиколка до сите локации, би требало да испешачите околу 2,5 километри и да видите над 200 тезги. Зошто вреди да го посетите Брисел во екот на празничната сезона?

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 29

Секоја светска метропола од почеток на декември се претвора во еден посебен свет, каде комбинацијата на треперливи светилки, празнични украси, многу бои и сезонски задоволства ви даваат можност барем за миг да излезете од рамките на секојдневието.

Божиќниот маркет во Брисел, кој традиционално се одржува со години, на едно место ги сплотува локалното население и многубројните посетители од различни страни на светот.

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 1

И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и тоа на неколку различни локации.

Ако тргнете да правите обиколка до сите локации, би требало да испешачите околу 2,5 километри и да видите над 200 тезги кои се поставени на Гранд Плас, плоштадот Бурс и плоштадот Сент Катерина.

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 10

Тука за секого има по нешто, од најмалите до највозрасните. Ако сте љубители на елка и светлосно шоу тогаш треба да појдете до Гранд Плас.

Овој плоштад скоро секогаш е преполн со луѓе, така што ако очекувате дека ќе направите фотографија од себе со елка во заднина, знајте дека покрај вас ќе има уште неколку луѓе во кадарот.

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 6

На друга локација, поточно на Плоштадот Сент Катерина ќе ве пречекаат многубројни тезги со секакви деликатеси и уникатни подароци, панорамско тркало и еден винтиџ рингишпил.

За што и да се одлучите, нема да погрешите. Глетката од тркалото знае да го одземе здивот!

Ако сте од оние што сакаат да си купат уникатни производи за дома или најблиските, таму секако ќе си најдете нешто.

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 16

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 21

Секако, ќе го наведеме и плоштадот Бурс каде покрај греаното вино и вкусната храна, ќе може да се лизгате на мраз. На вас останува да одлучите како ќе си го поминете времето.

За викенди секогаш е гужва, така што ако сакате да избегнете турканици и чекање, најдобро ќе биде да појдете за време на работните денови.

treperlivi svetilki mnogu boi sezonski zadovolstva i praznicni ukrasi niz brisel 22

Без разлика каде и да се наоѓате, запомнете дека божиќните маркети не се обични пазари, туку простор каде празничниот дух продира преку богатата таписерија на градот.

Тоа е простор кој нè потсетува дека треба да му се радуваме на секој миг од животот и да споделуваме љубов и емпатија, затоа што тоа е она што му фали на човештвото денес!

Како изгледа Брисел оваа празнична сезона?

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...

Најчитани неделава