Зошто на одмор на Крф?

zosto-odmor-na-krf-povekjeАко се уште не го имате испланирано вашиот летен одмор, можеби би ви помогнале да се одлучите за еден од Јонските бисери – островот Крф. Овој остров е мозаик на историјата...

 

...од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа. Раскошна убавина, спој на цивилизации, тиркизно море и прекрасни плажи.

Крф е најсеверниот остров на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море.

Островот изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги златно песочни плажи, едни од најубавите грчки градови, многу традиционални села, Византиски цркви, повеќе музеи, импресивни венециски тврдини.

Кои места задолжително да ги посетите?

Кога сте на Крф задолжително е да имате автомобил или веспа бидејќи убавината на одморот на островот е во можноста да посетите различни места и плажи кои воодушевуваат.

1. Палеокастрица. Една од најубавите плажи со кристално тиркизно море и ситни камчиња.

zosto-odmor-na-krf-1

Пред да се влезе во Палеокастрица сместено е местото Лаконес во областа Бела Виста, од каде имате поглед на прекрасна панорама на целата Палеокастрица

2. Сидари – местото каде се наоѓа каналот на вљубените.

zosto-odmor-na-krf-2

Тука како никаде на друго место, ветерот и морето ги имаат изваено прекрасните карпи кои личат на еден вид статуи.

3. Глифада – ситен песок, преубаво море, можност и за денска забава во кафулињата покрај брегот.

zosto-odmor-na-krf-3

4. Agios Gordios – тивка плажа каде може да се релаксирате и уживате во зеленилото наоколу и кристално сино море.

zosto-odmor-na-krf-4

5. Крф – задолжително одвојте барем еден ден за да прошетате низ главниот град на Крф. Зрачи со посебна убавина и потсетува на италијанските гратчиња.

zosto-odmor-na-krf-5

Ако сакате забава посетете ги Ипсос, Кавос (бидете внимателни, англичаните се насекаде и прават чуда) и главниот град - Крф.

Би можело да ве интересира:

Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео) „Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го пот...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg