Пиво за 1 евро, сангрија за 2: Спакувајте ги куферите и заминете во Лисабон

 Долго време одбивав да ја посетам Португалија, не ѝ обрнував толкаво внимание како на другите европски држави, но минатото лето кога ми се укажа можност да ја посетам, веднаш ја искористив шансата и останав дури месец и половина во Лисабон. 

pivo-za-1-evro-sangrija-za-2-spakuvajte-gi-kuferite-i-zaminete-vo-lisabon-01.jpg

Популарниот град со прекрасната архитектура и неговите насликани „ажулезо“ плочки карактеристични за целата земја, сончевото време и вкусната португалска кујна, претставува сетилен лавиринт од различни перспективи, ароми и вкусови.

Првите неколку дена од моето пристигнување бев во недоумица дали Лисабон ми се допаѓа или не.

Воопшто не бев навикнат да пешачам низ град кој се наоѓа на седум ридови, како што е познато во светот, и да се справувам со стрмни улички, стотина скали и удолнини на кои и трезен лесно можеш да се сопнеш и стркалаш.

Во првата недела добив воспаление на мускули и заклучив дека ова е град само за луѓе со кондиција. Без шега, кога трезвено го согледав градот, сосема ме освои. Требаше меѓусебно да се зближиме за да ми ги открие своите убавини.  

Praça do Comércio со статуата на Хосе I е главниот плоштад на градот, кој се надоврзува на една од најпрометните улици Аугуста, исполнета со продавници, ресторани и слаткарници.

Како и секоја метропола, тука знае да има толкава раздвижена толпа што едвај чекав да заскитам во Алфама, најстариот кварт.

volsebniot lisabon zadolzitelna destinacija za ovaa gdina 2

Таму налетував на старици потпрени на прозорски рамки кои љубопитно набљудуваат што се случува надвор. Ова толку ми беше смешно, што веднаш го поврзав со нашиот македонски менталитет.

Од тука лесно може да се стигне и до средновековниот замок São Jorge, кој овозможува прекрасен поглед врз градот и претставува еден од поважните историски центри во португалската престолнина. 

Сите главни улички се исполнети со мали жолти трамваи, и кога се наоѓав до нив имав чувство дека сум вратен во минатото.

Во еден посебен свет што го знам само од филмови и книги. Уште кога ќе слушнев некоја фадо песна, тогаш се чувствував носталгично за нешто што никогаш не сум го доживеал.

Плоштадот Камоиш, кој е именуван по нивниот познат поет Луиш ди Камоиш во дистриктот Баиро Алто е средиште од каде што започнуваат ноќните забави. Квартот во кој има над 200 кафулиња речиси секојдневно е преполн со млади луѓе и опијанети тинејџери.

Со нетрпение чекав да дојдат викендите зошто тогаш се случуваа најдобрите дружби. Интересно е тоа што во Лисабон сите жени носат патики, високите потпетици би значело себеизмачување. Стрмнините не им го дозволуваат тоа задоволство.

Улицата Бика, една од најпознатите улици за фотографирање и воедно мојата омилена е прочуена по лифтот-трамвај и евтините барови во кои може да се најде пиво за 1 евро и сангрија за 2 евра. Ниту во Македонија не можеш да најдеш толку евтин алкохол.

Во близина на оваа одредница се наоѓа Пинк стрит, исполнета со ноќни клубови, a Pensão Amor, некогашен бордел е бар на два ката во кој има секс-шоп, шипка за стриптиз и читач на тарот карти. Навистина „истрипано“ место.

Покрај самиот брег на реката Тежо се наоѓа железничката станица Cais do Sodré од каде се стига до песочните плажи. Многу луѓе мислат дека Лисабон излегува на Атланскиот Океан, но водната површина што го заплискува неговото крајбрежје е реката Тежо.

Вистинските плажи, како што се Praia de Carcavelos, Praia da Conceição и Costa da Caparica, кои знаат да бидат преплавени со туристи и сурфери се оддалечни околу половина час од Лисабон. И водата на океанот е толку ладна што не можеш да се киснеш со часови.  

Мостот 25-ти Април е исто така впечатливо обележје, ги поврзува Лисабон со Алмада и кога прв пат го поминував со автобус, помислив дека се наоѓам во Сан Франциско.

Погледот што го понуди мостот е тешко доловлив со зборови, а ветерот знае да ти го избистри умот без разлика колку и да се бил пијан претходната вечер.

volsebniot lisabon zadolzitelna destinacija za ovaa gdina 1

Веднаш на ова се надоврзува и големата статуа на Исус, изградена во чест на оној во Рио де Жанеиро, само со значителни помали размери и панорама со која секој сака да си направи „селфи“.  

Кога станува збор за луѓето мислам дека налетав на сè и сешто. Има еден куп од Бразил, но најмалку налетав на поединци од Лисабон. Тоа некако најмногу ми пречеше.

Се дружев со туристи и штом остваривме поблизок контакт тие мораа да си заминат. На почетокот беше интересно, но потоа стана истоштувачко. Во секој случај самиот престој беше повеќе од задоволителен.

Морската храна е многу важен сегмент за овој град, едноставно секој посетител јаде свежи сардини и ракчиња, и никој не смее да си замине од Лисабон без да проба Pastel de Nata, крцкави колачиња полни со крем.

Се сеќавам дека пред да си заминам од Португалија во рок од неколку минути изедов осум слатки. После не бев во можност да ставам шеќер во уста во наредните две недели.

volsebniot lisabon zadolzitelna destinacija za ovaa gdina 3

Ова е само еден мал преглед на можностите и убавините што се распространети низ Лисабон. Затоа не чекајте многу, туку спакувајте ги куферите и заминувајте на патување.

Ако се двоумите каде да отпатување во следниве месеци, да спознаете нови места и да си ги проширите хоризонтите тогаш Лисабон е вистинскиот избор.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg