Идеални дестинации за оние кои сакаат да патуваат сами
Берлин
Млад и стар, историски и модерен, класичен и елегантен истовремено – Берлин постојано се менува и има многу неверојатни глетки кои треба да ги доживеете и искусите сами.

Рејкјавик
Исто така еден од градовите кој се наоѓа на топ листата по безбедност, па нема да има потреба да се плашите да шетате сами и да го истражувате сами, иако има и многу пешачки тури за туристи на кои може да се придружите.

Лондон
Со добрата навигација на возовите и големиот број на метро станици, ќе може лесно да се снајдете и да ги прошетате сите делови на градот сами, искусувајќи ја културата и животот таму.

Прага
Град со голем број на знаменитости кои се сконцентрирани на релативно блиска оддалеченост, па лесно може да прошетате пешки на многу места.

М. М. | Црнобело