Божиќни маркети, ски ресорти и вкусна храна: Што значи да се патува во декемрви?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Божиќни маркети, ски ресорти и вкусна храна: Што значи да се патува во декемрви?

Декември и тоа како знае да биде соодветен за патувања. Можеби немаме долги и топли денови, но затоа наоблечени и замотани во шал подготвени сме да си обезбедиме поразлични доживувања. 

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 7

Веројатно сите сме „заразени“ од празничната треска што плени насекаде низ светот и сме сведоци на еден светски натпревар во тоа кој ќе ја обезбеди најубавата божиќна магија.

Украсени продавници и улици, купување на подароци за своите блиски и пронаоѓање на одговори на одамна поставени прашања. За да можеме со чиста глава да влеземе во 2019 година.

Се подразбира дека божиќните маркети се препознатливи за Европа, па кој град и да посетите ќе бидете сведок на вакво збиднување. Иако концептот можеби на сите ни изгледа ист, сепак од држава до држава постојат вкусови, мириси, стилови и финеси по кои се разликуваат.

Во секој случај колбаси и вино се дел од секој маркет. Ако сé уште не сте одлучиле кој град да го посетите, тогаш земете ги во предвид овие предлози со најголеми божиќни маркети. Прага, Тренто, Талин, Брисел, како и Манчестер, Хелсинки, Будимпешта, Дрезден...

Листата е долга, а поради обврските не можат да се посетат сите, па затоа изберете ја совршената дестинација која ќе ја посетите пред крајот на оваа година.

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 5

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 5

Токму поради празничниот период листата на  храната што треба да се дегустира станува значително поголема. Доволно е да одиш по улиците низ Париз за да се најдеш во ситуација која твојот поглед ќе биде закован за излозите од слаткарници и пекари.

А, да не зборуваме за останатите ресторани или помали локали каде можат да се вкусат традиционални рецепти. На ниски температури секоја храна е повкусна.

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 6

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 6

И снегот на повисоките места игра голема улога за да се подготвите и да заминете на патување во декември. Не мора да сте  ентузијасти за зимски спортови, самиот престој во природа и пешачење низ снежните патеки претставува мелем за сите нас.

Европа има многу ски ресорти, но на пример Zermatt и St. Moritz, Швајцарија, потоа Cortina d'Ampezzo, Италија и Chamonix, Франција... и уште многу други ќе ви ги задоволат сите потреби и ќе ви овозможат патување за паметење.

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 4

Bozikni marketi ski resorti i vkusna hrana sto znaci da se patuva vo dekemvri 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ фотки: 20 причини да го посетите Златибор во зима Златибор важи за едно од најбајковитите места во Србија, кое има многу што да по...
Благо и патување: 9 десерти кои треба да ги пробате додека шетате низ ... Иако во многу ресторани и слаткарници може да најдете јадења кои се карактеристи...
Најважните работи што треба да ги понесете на вашите патувања Секое патување е посебнa приказна за себе. Доживување, кое останува врежано во н...