Плажи со ситен песок, пештери, стрмни гребени и излез на Атлантскиот Океан - гратчето Portimão во Португалија

 Ми стана навика да ја посетувам Португалија. Иако има доста причини, сепак потребата да се соочам со Атлантскиот Океан и да се измешам со набојот на емоции што постои во оваа земја се доволни мотиватори. Португалија ми е еден вид на зависност. Сé уште се немам качено во авион и во мене се појавува желба одново да се измешам со овдешниот свет. Зашто знам дека секогаш спознавам нешто ново.

plaza so sitna pesok peshteri strmni grebeni i izlez na atlantskiot okean gratceto portimao vo portigalija 5

Неодамна имав можност да го посетам Portimão, гратче во најјужниот дел од Португалија, кој излегува на океанот и е познато по своите песочни плажи. Некогаш познато како Vila Nova de Portimão, денеска во ова гратче живеат околу 50 илјади жители.

Очигледно е дека штом има пристап на океан, со години и години наназад,  е развиена рибната индустрија, како едно строго обележје за самиот град.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Летното време целиот Алгарве регион е преполн со туристи, а има и причина за тоа. Од скриени плажи и романтични пештери, до различни спортски курсеви и активности. А, да не зборуваме за флората и фауна што може да се сретне таму.

И секако сончевите денови кои во просек годишно го надминуваат бројот 300.

Она што мене навистина ми остави впечаток се плажите, кои постојат во секаква варијанта. На пример, Praia de Alvor е со ситна песок, скриени заливи, остри гребени и пештери распоредени наоколу, но затоа пак Praia do Alemão е целата во камења.

Од сите, најпознатата е Praia da Rocha. Според кажувањето на пријателите, тука се случуваат најинтересните забави и моменти за паметење.

https://www.instagram.com/p/Bs0FaYsgvOg/

Кога станува збор за спортски активности, верувајте, во Portimão имате голем избор за тоа. Токму во овој дел од Алгарве за прв пат се појавил голфот, па токму поради тоа може да се посетат едни од најдобрите курсеви. И трките со автомобили и џип-сафари се доста актуелни во летниот период.

Иако, немав можност лично да видам дел од активностите, сепак имав јасна претстава за што станува збор. Мислам дека нуркањето во водите на Атлантскиот Океан се број еден спортски активности за туристите, заедно со сурфањето.

А, за оние кои сакаат да уживаат во крајбрежната флора и фауна постојат бројни екскурзии кои ќе ве спроведат до најскриените точки од оваа област. Но, ако сакате себеси да се видите како пират, тогаш мора да се качите на бродот Santa Bernarda и да запловите во сините води на океанот. Ако ништо друго барем за момент ќе помислите дека сте Џек Спероу и во секој миг можат да се појават пипалата на Кракен.

Доста интересен сегмент од приказната за Portimão е неговата гастрономија. Кога стигнав, имав чувство како да сум некој залутан морнар, кој за прв пат стапнува на некоја медитеранска земја. И друго ништо не му беше важно, освен да ги дегустира сите можни вкусови што постојат. Од риби и школки, до овошје и зеленчук. А, штом се наоѓаш во земјата на сардините тогаш немаш поинаков избор освен да ги вкусиш.

Кога седнав во еден ресторан нарачав сардини на скара, ми стигнаа сочни, а кожата лесно им се отстрануваше. Јадењето беше надополнето со варени компири и салата од домати, кромид и оригано. Е па, вакви слични оброци мислам дека јадев секој ден. Doces Finos  се познати колачиња од бадеми во форма на овошје, кои заедно со Pastel de nata  ме засладуваа после секој обилен оброк.   

Сите оние кои го имаат видено Portimão од небо, копно и море, имаат видено убавина, област која великодушно те пречекува и на крајот те остава во чувства кои се претвораат во среќни спомени.

plaza so sitna pesok peshteri strmni grebeni i izlez na atlantskiot okean gratceto portimao vo portigalija 1

plaza so sitna pesok peshteri strmni grebeni i izlez na atlantskiot okean gratceto portimao vo portigalija 1

plaza so sitna pesok peshteri strmni grebeni i izlez na atlantskiot okean gratceto portimao vo portigalija 1

plaza so sitna pesok peshteri strmni grebeni i izlez na atlantskiot okean gratceto portimao vo portigalija 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg