7 работи кои може да ве убијат на Исланд

Плажите со црн песок се магични, но ненадеен бран може да ве повлече кон ледено студената вода и острите карпи во секој миг. Последната во низата починати е Германка во 2017 година.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-01.jpg

Природата во Исланд е магична, но таа е и многу опасна, па дури и смртоносна.

Многу туристи имаат починато на Исланд поради екстремните контрасти во природата и временските услови во оваа т.н. „земја на мраз и оган“.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-02.jpg

Исланѓаните праќаат апел дека секој треба да ги исчита упатствата за безбедност пред да отпатува таму.

На што треба да внимавате во Исланд:

Смртоносни плажи

Многу плажи во Исланд се туристички атракции, особено црната Reynisfjara плажа. Ја посетуваат милиони туристи кои му се воодушевуваат на црниот песок, но и на огромните бранови од Северното Атлантско Море.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-13.jpg

Но, овие бранови се екстремно непредвидливи и ледено студената вода може да ве преклопи за миг додека стоите на плажата. Во оваа област има многу големи остри карпи.

Речиси секој ден некој е зафатен од овие ненадејни бранови, но иако повеќе завршуваат со мокри чевли и облека или уништен фотоапарат, неколку луѓе имаат трагично починато.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-05.jpg

Последниот случај е Германка во своите 50-ти години во јануари 2017 година, кога бран ја повлекол кон морето, а неколку часа подоцна телото ѝ било исфрлено на брегот.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-15.jpg

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-07.jpg

Нестабилните глечери

Лагуната со глечери Jökulsárlón е импресивна и е рај за фотографите кога светлината се рефлектира од огромни ледници.

Во лагуната има луѓе кои одат по мразот, иако туристичките водичи советуваат да не се прави тоа. Некои одат по лебдечките ледници за да направат незаборавно селфи.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-08.jpg

Дури и кога мразот ви изгледа дека е поврзан со копното и е безбеден за одење може да дојде до пукање и тој да се оддели, а тогаш постои опасност да се преврти и вие да завршите во неверојатно студената вода. Може да останете во неа само неколку минути пред да добиете хипотермија и да починете.

Исто така, иако лагуната изгледа мирна може лесно да завршите во морето.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-09.jpg

Непредвидливото време

Во Исланд важи поговорката „Ако не ви се допаѓа времето, почекајте 5 минути“. Времето постојано се менува ненеадејно.

Може на исто место да се промени драстично за неколку секунди или да варира драстично од една до друга локација.

Од една страна може да има дожд, а од друга сонце. Што значи може да возите низ дожд, снег, сонце, ветер и магла во само еден час, па дури и во само неколку минути.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-16.png

Никогаш не го потценувајте времето на Исланд. Особено моќниот ветер.

Ако ве зафати бура кога сте на отворено без засолниште во близина, може сериозно да настрадате. Затоа кога се оди на планинарење во Исланд мора да сте подготвени за секое време со слоеви и слоеви облека.

5-raboti-koi-mozhe-da-ve-ubijat-na-island-06.jpg

Најпопуларна рута за качување во Исланд е „Laugavegurinn“. Во 2004 година 25-годишен турист од Израел и покрај предупредувањата отишол лесно облечен на качување, јавил дека е изгубен во магла и е престудено. Со часови 70 луѓе го барале, но бил пронајден премрзнат до смрт.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите) Египет, домот на древните фараони, е полн со впечатливи храмови, антички гробниц...
Кога се пакувате за одмор: Што да спакувате во рачен багаж, а што во куфер? Што да спакувате во рачниот багаж, а што во куферот? Оваа листа ќе ви се најде д...
4 причини зошто треба да го посетите Хајделберг, германскиот град со посебен шарм Има забавни настани во секоја сезона и овде можете да пробате автентична германс...
„Работилницата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција: Влезот е бесплатен, се стига за 5 часа со автомобил... Ако сакате да се „загубите“ во светот на Дедо Мраз и да уживате во празничната а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg