Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неверојатниот подвиг на еден Jутубер: Пат до 7-те светски чуда за 7 дена

Сајмон Вилсон е Јутубер кој ги посетил 7-те светски чуда. Но она што ја прави неговата приказна интересна е фактот што го направил ова за 7 дена.

neverojatniot-podvig-na-eden-jutjuber-7-svetski-chuda-za-7-dena-01.jpg

„Секогаш сакав да ги видам 7-те светски чуда. Си помислив, има 7 светски чуда, што ако можам да посетувам по едно на ден, во рок од 7 дена“, изјавил Сајмон.

Сајмон ја започнал неговата YouTube кариера пред 2 години, а денес има над 400.000 претплатници.

Според него, целта на неговиот канал е да прави забавни нешта, но најмногу сакал да ја пренесе пораката дека можете да направите сè, кога навистина ќе го сакате тоа.

neverojatniot-podvig-na-eden-jutjuber-7-svetski-chuda-za-7-dena-02.jpg

Во почетните денови на неговиот канал, Сајмон објавувал видеа од неговите обиди да влезе на важни настани, како доделувањето на Еми наградите.

Мотивот за освојувањето на 7-те светски чуда бил истиот. Сепак, не бил сигурен дека ќе успее кога прв пат ги разгледувал авионските летови.

neverojatniot-podvig-na-eden-jutjuber-7-svetski-chuda-za-7-dena-03.jpg

„После многу барање, најдов план за летање, кој иако многу натрупан, сепак работеше. Очигледно, честото патување доаѓа со многу одложувања и откажувања, проблеми во сообраќајот или што и да е. Ги закажав сите летови и си реков дека сега работите се надвор од мои раце. Само ќе тргнам и ќе видам до каде ќе сигнам.“

Целото патување го чинело 7.500 долари.

Сајмон помислил дека ако уште на почетокот се соочи со доцнење, целиот план ќе му пропадне во вода. Доколку испуштел еден лет, тоа значело дека ќе го испушти и наредниот.

neverojatniot-podvig-na-eden-jutjuber-7-svetski-chuda-za-7-dena-04.jpg

За среќа, нештата оделе по план и Сајмон го документирал целото патување во серија од неколку видеа.

Првата дестинација му била Рим. Полетал од Манчестер, Англија и кога стигнал во Рим, веднаш фатил такси за да го види Колосеумот.

Во Рим имал 2 часа за шетање, пред да мора да се врати на аеродромот.

Оттаму се упатил кон Каиро за да ги види египетските пирамиди. Кога стигнал, отишол во хотел во близина на пирамидите за да преноќи. Следното утро имал тура со водич низ пирамидите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg