Есента на Будванската ривиера најави нови туристички трендови

Невообичаено топлиот октомври со морска температура од 23 степени, како и пониските цени на хотелите и приватниот смештај во Будва, ги натера туристите од целиот свет нестрпливо да уживаат во природните убавини, како и разновидната понуда на угостителите од Будва.

esenta-na-budvanskata-riviera-najavi-novi-turistichki-trendovi-01.jpg

Според најновата проценка на тековната состојба во Будва престојуваат околу 7.200 гости, што е за 2.700 гости повеќе отколку истиот период минатата година, а зголемувањето е евидентно и во хотелското и во приватното сместување. Од почетокот  на октомври секоја недела се забележува раст во бројот на пристигнувања.

“Постсезоната е одлична кога станува број за прометот! Бидејќи Михољското лето уште повеќе го продолжи одморот, а во ек е сезоната ”MICE”, во средината на ноември ќе можеме да прецизираме какви биле приходите” – истакнаа хотелските компании ”Montenegro stars” во чиј состав е и хотелот ”Сплендид”, најголемиот црногорски резорт со 5 ѕвезди и хотелите “Монтенегро” и ”Blue Star” со 4 ѕвезди.

“Во септември пополнетоста беше 100%, а до средината на ноември просекот беше 60%. Оваа постсезона потврди дека со децении посакуваната цел (исполнета минатата година) за продолжување на сезоната – ја исполнивме и оваа. Просечната пополнетост во ланецот на хотели ”Montenegro stars” изнесуваше повеќе од 50%. Посебната цел за оваа година е поставена и интензивно се работи за нејзиното остварување, а тоа е да во текот на зимските месеци просечната пополнетост изнесува 40%. За деталите ќе можеме да зборуваме во следните неколку месеци.” – потенцираат од хотелската компанија ”Montenegro stars”.

esenta-na-budvanskata-riviera-najavi-novi-turistichki-trendovi-02.jpg

Тоа дека “постсезоната” поминува во знак на добра посветеност ги потврдува хотелската групација ”Будванска ривиера”.

,,Само во октомври (до 28.10) беа реализирани скоро 24.000 ноќевања, што е 17% подобар показател за обемот на туристичкиот промет во споредба со 2018 година. Во прилог на тоа секако докажува фактот што освен хотелот “Палас”, отворен е и хотелот  ”Александар” и ќе работат до 3 ноември. Во овој момент со задоволство можеме да извлечеме паралела со предсезонскиот период, кој во оваа туристичка година исто така бележи повисоки проценти во споредба со периодот лани. Така е во март процентот зголемен за дури 54% во однос на април за 25%.” – соопштуваат од хотелската групација ”Будванска ривиера”.

На крајот на септември, групацијата имаше над 430 илјади ноќевања (во период од 9 месеци) што исто така покажува дека сите водечки пазари бележат повисоки проценти во однос на ланските резултати: Русија за 6%, Србија за 5%, Полска за 12%, Англија за 8%, Норвешка за 36%, како и домашниот пазар (благодарение на работата на хотелот Палас во есенско/зимскиот период) за дури 39%.

esenta-na-budvanskata-riviera-najavi-novi-turistichki-trendovi-03.jpg

Хотелската групација “Будванска ривиера” дојде до заклучок дека со претходно отварање на хотелот и работа од скоро 7 месеци ја намали својата сезонска разлика во однос на претходните години и дека аранжманите на западноевропските тур-оператори “incentive” и “mice” резервации, како и корпоративни настани, придонесоа за ова дополнително вонсезонско ангажирање на хотелските капацитети, што директно влијаеше на добрите деловни резултати.

Во периодот од почетокот на април до крајот на октомври остварени се околу 250.000 ноќевања во хотелот “Bellevue”, на хотелската групација ”Iberostar”, кои изразуваат задоволство од годинешната туристичка сезона. Во овој хотел со четири ѕвезди и над 1.300 кревети во периодот пред и после сезоната, најмногу одмараа гостите од Англија, Германија и Русија, додека во главната сезона, најбројни беа гостите од Русија.

Хотелот „Медитеран“ во Бечичи во текот на јуни, јули и август годинава забележува пополнетост од 89% до 97%. На годишно ниво, од 5 февруари, кога овој хотел ги прими своите први гости, се до 25 октомври, зафаќањето на вкупниот капацитет е 85%. Најмногу ноќевања имаа гостите од Германија, повеќе од 22.000, додека второто место го зазедоа гостите од Русија, а третото гостите од регионот - дознаваме од хотелското управување. Она што е охрабрувачки е фактот дека во секторот на хотели за продажба планираат да направат околу 55.000 ноќевања од почетокот на октомври 2019 до 7 мај 2020 година, со пауза за работа од 15 декември до 8 февруари. Гостите кои престојуваат во Бечичи во овој период доаѓаат од Германија и скандинавските земји.

esenta-na-budvanskata-riviera-najavi-novi-turistichki-trendovi-04.jpg

Подобра регистрација на престојот, што исто така предизвикува и поголема исплата на данок на престој, укажува и од Туристичката организација на општина Будва. Според официјалните податоци на МОНСТАТ и првичните проценки за бројот на гости во индивидуално сместување, Будванската Ривиера до 1-ви септември ја посетиле повеќе од 780.000 гости (2% повеќе отколку во 2018 година), што направи повеќе од 4.200.000 ноќевања (9% повеќе во споредба со 2018 година).

Преку голем број настани, како во домови, така и преку поддршка на проектот, ТОБ и во 2018 година се потруди на гостите да им го разубави амбиентот на дестинацијата која ја одбрале за годишен одмор.

Инвестирањето во пешачки патеки, игралишта и спортски терени и поставување туристички патокази во Стариот град дополнително ги валоризира јавните површини што ги користат и жителите на Будва и бројните гости во текот на целата година. Промотивните активности се во тек цела година, како во Црна Гора, така и во регионот и Европа.

Заинтересаноста на медиумите и студиските групи за една од најубавите јадрански ривиери е голема.

Во текот на оваа година, претставници на медиумите и тур-оператори од Италија, Белгија, Германија, Русија, Франција, Србија, Австрија, Израел, Кина, Бразил, Полска се запознаа со културните и историските богатства на Будва и туристичките потенцијали.

Сликите од преубавите будвански предјадења, благодарение на многубројните “инфлуенсери” го обиколија светот, благодарение на познатите светски личности кои престојуваат тука, и скриените хедонистички заливи кои едноставно не покануваат на уживање.

Додека многубројните гости сè уште се капат во топлото и чисто Јадранско Море, а мирисите на зимската храна почнуваат да се шират на улиците на Стариот град, како раштанот со суво месо, заспаниот остров Свети Никола, именуван од угледниот американски магазин „Форбс“ за еден од 9 најубави во Европа е потсетник за целиот раскош на Будва!

А туристичките работници не дозволуваат летото да заспие, бидејќи тие само што ги започнаа подготовките за гламурозниот дочек на новата 2020 година, по кој е позната Будва низ целиот регион. Она што секој може со сигурност да го потврди е дека ќе се видиме повторно во Будва оваа година!

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Препорака од прва рака: Помалку познати локации во Париз, кои вреди да ги посетите Париз на многумина од нас ни ги има освоено сетилата и постојано нè мотивира да ...
12 причини зошто треба да оставите сè и да заминете во Германија Се смета за една од најбезбедните земји во светот, надалеку е позната по пивото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg