Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Краток работен ден, патарини во град - Факти за Норвешка што сигурно ќе ве изненадат

Норвешка е прекрасна, но скапа држава за живеење. Знаевте ли дека тамошните продукти се дури 55% поскапи од каде било во Европа?

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-01.jpg

Сепак, просечната плата е доволно висока и речиси сите можат да си дозволат удобен живот. Истовремено, иако Норвежаните имаат пократка работна недела, нивната продуктивност е неверојатна.

Изгледа дека Норвежаните навистина знаат како да работат, да одмораат и да уживаат во животот, а овие факти ќе ви го докажат тоа:

1. Општеството е изградено на целосна доверба. Во Норвешка можете да „изнајмите“ куќа за викенд, и тоа бесплатно. Од вас само се очекува да ги вратите клучевите откако ќе си заминете.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-08.jpg

2. Заедничкото купување мебел е важен дел од врската. Норвежаните имаат поразлична замисла за интимноста, па купувањето мебел е голем чекор напред.

3. Навредливо е некој друг да плати за вас. Ова важи и за мажи и за жени, и сите настојуваат да бидат независни. Ако понудите да платите некому за нешто, може да настане недоразбирање.

4. Норвежаните го ценат нивниот личен простор. Воглавно се срамежливи и не сакаат празни разговори. Поради ова, ако седнете до некој во речиси празен автобус, ќе помислат дека нешто не е во ред.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-02.jpg

5. Жителите внимаваат со искажувањето на емоциите. Поради ова, пак, за Норвежаните се мисли дека се ладни луѓе. За нив доволно е тапкање по рамото за да ви покажат сочувство.

6. Здравството е скапо, особено денталното. Па, ако се селите во Норвешка, средете си ги забите пред да заминете.

7. Не можете да влезете во аптека и да си купите што било. Единственото нешто што ќе ви го продадат без рецепт се само некои лекови за болка.

Повеќето Норвежани, вклучувајќи ги и лекарите, сметаат дека здравствените проблеми можат да се решат со три нешта – вежбање, рибино масло и ибупрофен (лек против болка, треска и воспаление).

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-03.jpg

8. Во Норвешка не можете да туку-така да викнете брза помош. Ако сакате да одите на лекар, мора да си закажете, а понекогаш треба да чекате и 2-3 недели. Брзата помош доаѓа само во навистина итни ситуации.

9. Во Норвешка има патарини и во градовите. Ако сакате да одите во друг дел од градот, без разлика дали на работа или на шопинг, мора да платите патарина.

10. Норвежаните се еко-свесни луѓе. Во Осло има многу електрични автомобили, а жителите ги купуваат сè почесто.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-04.jpg

11. Норвежаните имаат навистина краток работен ден. Обично почнуваат со работа во 8 наутро, а завршуваат во 3 попладне. Воглавно, не минуваат повеќе од 7,5 часа на работа, а имаат 5 недели одмор секоја година.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg