Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


1.803 споменици, 173 музеи, 450 паркови и градини - Факти за Париз кои можеби не сте ги знаеле

„Градот на светлината“ е толку посебен што навистина не може да се идентификува со ниту еден друг град.

1.803-spomenici-173-muzei-450-parkovi-i-gradini-20-iznenaduvachki-fakti-za-Pariz-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 01 630x340.jpg

Повеќето од вас веројатно слушнале за утринското кафе и прекрасните кроасани, мирисот на печени костени на париските булевари.

За некои, Париз е долга прошетка во самракот покрај Нотр Дам, тивкиот шепот на туристите низ ходниците во Лувр, посета на Ајфеловата кула, еден од најпознатите споменици во светот, боемската област Монмартр со своите фантастични улички, меѓу кои извонредниот Мулен Руж...

Париз е неверојатен и живописен град, способен да ја „маѓепса“ вашата душа.

За оние кои сѐ уште не го посетиле, топло го препорачуваме, а останатите многу добро знаат дека тој никогаш не може да биде здодевен.

Во продолжение ви прикажуваме 20 факти за „градот на светлината“ кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Париз е основан во 3 век п.н.е. и порано бил наречен Лутетија.

2. Постојат вкупно 38 градови низ целиот свет наречени „Париз“ - од Соединетите држави до Шведска, па дури и во Панама.

3. Пон Неф е најстариот мост во Париз. Изграден е во 1607 година.

1-803-spomenici-173-muzei-450-parkovi-i-gradini-fakti-za-pariz-koi-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

4. Париз располага со вкупно 1.803 споменици и 173 музеи.

5. Во градот има 450 паркови и градини, распоредени на површина од повеќе од 1.200 хектари.

6.  На улиците низ Париз, во просек, дневно се снимаат околу 10 филмови.

7. Во Франција постојат десет Статуи на слобода, од кои пет се во Париз.

1.803-spomenici-173-muzei-450-parkovi-i-gradini-20-iznenaduvachki-fakti-za-Pariz-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 02 630x380.jpg

8. Регионалниот јавен превоз во Париз требало да биде наречен „Métro Express Régional Défense-Étoile“, но поради иницијалите M.E.R.D.E., што на француски значи „измет“, името многу брзо се сменило во „Réseau Express Régional“.

9. Статуите низ Плас де Ла Конкорд ги претставуваат осумте најголеми градови во Франција: Лил, Стразбур, Марсеј, Нант, Лион, Брест, Бордо и Руан.

10. Главното ѕвонче на катедралата Нотр Дам го носи името Емануел и тежи над 13 тони.

11. Со 231 метар, „Првата кула“ која се наоѓа во деловната област Ла Дефенс е највисокиот облакодер во Франција.

12. Со вкупно 302 станици, париското метро е 4-от најголем систем за јавен превоз во светот.

13. Снимањето филмски сцени со пукање во Париз е бесплатно, освен за сцени снимени во градина, музеј или базен. Во овој случај, филмската екипа мора да плати надомест на градот.

14. Париз е омилениот град на принцезата Дијана, каде воедно го поминала последниот ден од нејзиниот живот. „Пламенот на слободата“ претставува неофицијална знаменитост, која во најголем број е посетувана од фановите на принцезата.

1.803-spomenici-173-muzei-450-parkovi-i-gradini-20-iznenaduvachki-fakti-za-Pariz-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 03 630x380.jpg

15. Најдолгата улица во Париз, „Rue de Vaugirard“, се наоѓа во 15-от арондисман. Долга е цели 4.360 метри.

16. Најкратката улица во Париз е Rue des Degrés во 2-от арондисман, со должина од 6 метри.

17. Париз е број еден во светот кога станува збор за бројот на библиотеки. Овој град располага со 830 прекрасни библиотеки.

1.803-spomenici-173-muzei-450-parkovi-i-gradini-20-iznenaduvachki-fakti-za-Pariz-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele 04 630x380.jpg

18. Француската армија е единствената армија во Европа која сè уште поседува гулаби-пренесувачи во своите редови.

19. Во Париз се засадени вкупно 470.000 дрвја.

20. Верувале или не, најпосетениот споменик во Париз е катедралата Нотр Дам, со повеќе од 14 милиони посетители во 2014 година.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg