Airbnb за првпат нуди ноќевање во куќата на Јулија - Романтично патување за Денот на вљубените

Airbnb неколкупати ги поместува границите и досега има понудено ноќевање во Лувр, во куќа изградена од чоколадо, во Барби вилата на Малибу…

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-01.jpg

Овојпат, сајтот подготви вистинско изненадување за вљубените парови – ноќевање во едно од најромантичните места на светот.

Годинава можете да го поминете Денот на вљубените во куќата на Јулија во Верона.

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-02.jpg

Ова место со години е тема на зборување и пишување, но е и симбол на вечната љубов. Поради тоа, изгледа како совршена локација за прослава на Денот на вљубените.

„Куќата на Јулија е најпознатиот музеј во Верона и секоја година привлекува милиони посетители. Соработката со Airbnb го оживува надалеку познатиот Шекспиров мит за Ромео и Јулија на претходно невиден начин“, изјави градоначалникот на Верона.

„Возбудени сме што ќе го промовираме нашето културно наследство, ќе ги делиме традициите кои сме ги чувале и ќе ја претставиме Верона на светот.“

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-05.jpg

Иако нема докази дека ова навистина бил домот на Јулија, оваа локација отсекогаш ги привлекувала вљубените.

Со оваа понуда не само што ќе ноќевате во внатрешноста на куќата која како да застанала во времето, туку ќе уживате и во романтична вечера приготвена од професионален готвач.

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-03.jpg

После интимната вечера ќе следи и мал курс по готвење одржан од готвачот.

Вечерта ќе продолжи со дружење покрај каминот и одговарање писма што секоја година пристигнуваат за Јулија.

Парот ќе има можност и да ја прошета Верона со водич и приватен фотограф.

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-04.jpg

Сепак, нема сите да имаат можност за ваква прослава.

Како да резервирате?

Секоја година над илјадници писма пристигнуваат во куќата на Јулија. Токму оваа традиција ја направи Верона град на љубовта.

Сите писма ги одговараат жени, кои се познати под името Juliet’s Club.

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-07.jpg

За да останат верни на традицијата, од Airbnb решиле да организираат натпревар. Ако сакате да го поминете Денот на вљубените во куќата на Јулија, треба да испратите писмо до Airbnb во кое ќе ја раскажете вашата љубовна приказна и ќе објасните зошто вие и партнерот сте совршените гости.

airbnb-nudi-nokjevanje-vo-kukjata-na-julija-za-denot-na-vljubenite-06.jpg

Најкреативните ќе добијат можност да преноќат овде.

Писмата треба да ги испратите најдоцна до 2-ри февруари, а за повеќе детали можете да погледнете овде.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...

Најчитани неделава