Мистично место за посета: Гробиштата во Париз каде почиваат дел од најголемите великани во светот

Кога патуваме сите посетуваме музеи, катедрали, цркви, храмови, алтернативни простори, уметнички галерии, но малкумина се одлучуваат да посетат гробишта. Во француската престолнина се наоѓа најголемиот париски парк и гробишта во едно, познати под името Пер Лашез. Никој со сигурност не може да каже колку луѓе се закопани во тоа земјиште, но бројката варира од 300.000 од 1 милион.

morison valjd shopen prust per lashez vo pariz mesto kade pocivaat ovie velikani 4

Од друга страна и не е толку страшно да се пишува за гробишта, а уште помалку па да се прошета низ Пер Лашез.

Ајде да кажеме дека на сончево време, некако сме поотпорни на оние разорувачки мисли, кои нè тераат да се соочиме со стопирањето на животниот часовник.

Но, кога ќе видите колку посетители секојдневно шетаат низ патеките, тоа може да ве охрабри и вие тоа да го сторите. Дури и во зимските месеци.

morison valjd shopen prust per lashez vo pariz mesto kade pocivaat ovie velikani 5

Она што местото Пер Лашез го прави посебно е тоа што претставува вечно почивалиште на голем број познати личности. Од писатели, актери, музичари, па сè до политичари, научници…

morison valjd shopen prust per lashez vo pariz mesto kade pocivaat ovie velikani 2

Дефинитивно, гробот на Џим Морисон, фронтменот на The Doors, привлекува најголемо внимание помеѓу посетителите.

Луѓе доаѓаат и оставаат пораки, цвеќиња, песни што самите ги имаат напишано, а многу често ќе налетате и на поединци кои играат околу гробот, слушајќи песни од The Doors.

Тука почива и книжевниот великан Оскар Вајлд, чиј гроб секојдневно е посетуван од минимум илјада посетители од целиот свет.

Многу често може да се забележат остатоци од кармин на неговиот споменик, букети цвеќиња како и еден куп бизарни предмети.

Во Пер Лашез е закопан и полскиот композитор Шопен. Неговиот гроб е прилично тешко да се најде, но доста често локалците и обожавателите поставуваат звучник, од каде се слушаат неговите дела, за да им дадат до знаење на луѓето дека се на прав пат.

И остатоците на францускиот романописец Марсел Пруст засекогаш почиваат тука. Автор на прозното дело Во потрага по изгубеното време, честопати е посетуван од љубителите на пишаниот збор, кои често знаат да читаат негови дела, покрај неговиот мал и едноставен гроб.

morison valjd shopen prust per lashez vo pariz mesto kade pocivaat ovie velikani 1

Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...

Најчитани неделава